3.2 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаИмав само 21 година кога заминав во војната во 2001 во Македонија,...

Имав само 21 година кога заминав во војната во 2001 во Македонија, а денес ти…

spot_img

Имав само 21 години, кога во 2001 година застанав добороволно на браникот на татковината. Заедно со илјадници мои врсници. Тогаш сметав дека извршувам некоја света задача, продолжувајќи го аманетот на генерации Македонци кои ја натопија оваа земја со својата врела и младешка крв.

Во името на татковината нели? Млад војник. Дете. Денес пишувајќи го овој текст осеќам дека сум се борел за две шаки лајна со кои е покриено моето лице, за едно литро горчлив пелин кој го пијам секојдневно, гледајќи ги крвниците преоблечени во наша армиска униформа како поклонуваат цвеќиња на убијците на моите браќа.

Денес Рада! Вчера Талат. Некогаш ВМРО денес СДСМ! Овие вториве без срам и гордо. Оние првите….Не битно….Како имаш Радо лице да застанеш пред тоа лого и да се смееш? Тоа е логото кое нас младоста ни ја натопи со крв. Наши другари закопувавме од тоа лого. За вие денес да ни продавате политика, достоинство. Ќе го запрашам Стојанче Ангелов, како се осеќа кога ја гледа оваа слика од неговата министерка?

И ти ја продаде куќата генерале!!! Интересите на партиите пораснаа над македонските општи интереси па и сето ова ќе помине заташкано со суви лепешки во име на колективната амнезија и лудило. Ништо страшно нели? Денес со смртта на тие наши браќа се тргува политика, се крева и се руши рејтинг, се опипува пулсот на опонентот и се постила чергата за нови барања. Секоја им чест. Додека ние се грижиме за тоа кој ќе дојде на власт, и кој колкав рејтинг има во земјава, оние од Мала Речица, поставуваат стандарди кои во иднина тешко дека некој ќе ги сруши. Џабе плукаме по политичарите кои јавно побараа поделба на Македонија.

Каква е оваа Македонија денес? Македонци, време да си подадеме рака и да заборавиме на разликите. Леви, десни, црвени и сини. Не плукаат и газат колективно како нација, не како партија или идеологија!Не сме ниту усрано мултиетничко општество. Експериментот нема да успее над нас белите глувци. Во оваа земја има две одвоени општества за кои ние Македонците плаќаме цех во името на некаков си соживот кој никој не го бара од спротивната страна. Кај нив со години владее начелото на уцени од типот ,,Ние А вие НА’’!!И после 19 години од потпишувањето на тој ништожен рамковен договор гледаме како стихијно Македонија умира, а веќе никој не се сепнува да застане и да и даде вештачко дишење.

Колку да се прероди овој тежок период на национални срамови во името на некои посветли денови кои сите потајно ги посакуваме, а се побесчујно ги бараме.Обична слика ? Тоа е само еден мал произовод од идиотизмот кој излегува од сервилноста да се доџапаш до таа проклета фотеља . Кога во 2001 година присуствував на закопот на два мои погинати брата, во срцето осетив мала утеха од аманетот со кои ги испративме. Се сеќавам на зборовите кои им ги ветивме на паднатите борци, додека ја фрлавме свежата земја над нивните ковчези.

ВАШИОТ АМАНЕТ НЕМА НИКОЈ ДА ГО ЗАБОРАВИ, ВАШАТА СМРТ НЕМА ДА БИДЕ БЕСЦЕЛНА, ТАА ЌЕ БИДЕ РЕПЕР КАКО ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ МАКЕДОНЦИ ТРЕБА ДА СИ ЈА БРАНАТ СВОЈАТА ЗЕМЈА!Колку ли брзо нивната смрт стана бесцелна, а нивниот аманет погазен.Колку брзо ги заборавивме овие млади и храбри момчиња. Колку таа борба денес стана мета на потсмев и иронии. Денес се посрамежливо ги изговараме имињата на паднатите браќа се во името на на некои си идни времиња. Не ги чувствуваме деновите кога тие ја испуштија душата за вас бездушните!

Не, јас тоа не можам да го сфатам. Мојата нетолерантна црпка не може да ги свари тие гомнарии.И денес кога го пишувам ова, очајно се прашувам дали постои некаква инекција која ќе биде вбризгана во мене та да се избрише целиот оној период во мојот мозок на детонации и истрели далеку од родната куќа?. Само така не би се чуствувал себе си како ништожен мајмун. Само така не би се чуствувал како дрвена кукла управувана од раката на оној кој ме држеше на нишан.Право на избор немаме. Пред рамковниот договор овде не постои ништо.

Тој август го избришавме нашето претходно постоење затоа што нели, пред тој период Македонија беше тиранска и нетолерантна земја. Иако како такви станавме членки на ООН, на Партнерството за мир, потпишавме пакт за Асоцијација и стабилизација со ЕУ. Ништо не важи сето тоа драги мои Македонци!!!Сите сме родени отприлика тој август 2001 година……. Барем така треба да размислуваме според нив……Нашите Илиндени, аманетот од Крушевската република и НОБ веќе не се во духот на новата Македонија.Овде сега владеат некои нови…. Призренски начела. Затоа е Македонија ,,демократска’’ земја.

Пишува: Приказни од Булеварот

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...

Протече водата низ цевките, скопјани вечерва слободно можат да се тушираат и да си ги завршат домашните обврски.

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод. Акцијата започна денес на 21ви Декември сабота во раните...