4.9 C
Ohrid
сабота, декември 21, 2024
ПочетнаМакедонијаБоки 13 дава дуќан во вредност од 146.000 евра за да биде...

Боки 13 дава дуќан во вредност од 146.000 евра за да биде пуштен од Шутка !!!

spot_img

Првообвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски-Боки 13, денеска повторно пред Апелацискиот суд во Скопје побара да му се укине мерката притвор во затворот во Шуто Оризари и ја понуди гаранцијата од околу 146 000 евра, која ја нудеше и претходно. Станува збор за гаранција во недвижности, дуќан во центарот на Скопје и куќа во Тафталиџе со кои гарантира дека нема да избега, објави 360stepeni.mk.

Боки и неговиот адвокат Сашко Дукоски пред второстепениот суд порачаа дека не може како причина за определување притвор да се користи флоскулата „степен на кривична одговорност“ бидејќи тој во моментов не е осуден ниту, пак, да се наведува дека постои опасност од бегство затоа што нема оформено потесно семејство. Точно е дена тој нема засновано свое семејство, рече адвокатот, но тој е дел од потесно семејство со неговите родители.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонски лекари херои во Магдебург: Д-р Станковски и Д-р Митевски спасуваа животи

Македонската амбасада во Германија на својот фејсбук профил напиша македонските специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург, синоќа го дадоа...

Во полициската станица во Радовиш началник добил ќотек од инспектор

Инспекторот Б.И. (39) од село Ињево, радовишко вчера бил уапсен откако бил пријавен дека физички го нападнал на О.Г (43) началник на Одделението за...

Младата охриѓанка Анастасија Смилевска ќе ја претстави Македонија на Европско карате првенство во Полска

Каратистката Анастасија Смилевска член на карате клубот „Кун-су-то“ Охрид преку државното првенство и плеј офф натпреварот кој се одржа во Скопје на 15.12.2024 со...

Апел за помош: Премрзнат возрасен маж со часови лежи во Центар, збунeт.

На социјалните мрежи кружи фотографија со возрасен маж и се аплеира дали некој ќе го препознае лицето. Како што стои во еден од описите човекот...