9.9 C
Ohrid
недела, септември 15, 2024
ПочетнаМакедонијаКорона туризам: Над 20.000 возила денес пристигнаа во Охрид !!!

Корона туризам: Над 20.000 возила денес пристигнаа во Охрид !!!

колу 20.000 возила денеска излегле од Скопје според податоците до 19 часот од наплатните рампи на патарините.

Од Јавното претпријатие за државни патишта за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека најмногу фреквенција и редици имало на западниот излез од градот, односно на патарината на автопатот Скопје-Тетово. На наплатната станица Желино во правец Скопје-Тетово до 19 часот поминале 8.178 возила.

На излезот од Скопје кон Куманово на патарината кај Миладиновци излегле 7.407 возила, а на излезот кон Велес односно на наплатната станица Петровец денеска до 19 часот поминале 4.541 возила.Фотографија на Slavisha Kibroski.

„Волкави редици на патарините досега сме немале. Рекорд беше ланскиот продолжен викенд за празникот 2 Август, но денеска е урнат. На патарината од Скопје кон Тетово попладнево отворени беа 7 наплатни рампи за излез од Скопје, а за влез оставивме една. Ова досега не се случило, во еден правец најмногу сме отворале по 6 наплатни рампи“, велат од Државни патишта.

Од претпријатието потенцираат дека сепак сите возила не се со скопски регистрации кои заминале кон Маврово или Охрид поради 80-часовниот карантин во главниот град. Од таму објаснуваат дека треба да се има предвид дека голем број граѓани од Велес, Куманово, Тетово и Гостивар работат во Скопје, па попладне тие си се враќаат од работа дома.

„За споредба, денеска на патарината Желино до 19 часот во правец Тетово-Скопје поминале 4.973 возила односно толку возила влегле во Скопје“, велат од Јавното претпријатие за државни патишта.Фотографија на Slavisha Kibroski.

Владата вчера по предлог на Комисијата за заразни болести воведе целосна забрана за движење во Скопје, Куманово, Липково, Тетово, Штип, Јегуновце, Желино и Боговиње, од 21 часот во четврток до 5 часот в понеделник. Во сите останати градови, се забранува движење на сите граѓани од четврток во 21 часот до петок во 5 часот наутро, а во петок, сабота, недела во овие градови забраната започнува од 16 часот и трае до следниот ден до во 5 наутро. Ваквите рестриктивни мерки за овој продолжен викенд се воведени по зголемениот број на нови случаи и можноста за ширење на вирусот.

Денеска беа регистрирани рекордни 120 случаи на КОВИД-19, од кои 67 се од Скопје, а починаа уште 2 заболени од коронавирус. Од почетокот на епидемијата во земјава вкупно ковид дијагностицирани се 2.611, оздравени пациенти се 1.621, починати се 147, а активни случаи се 843.

А. АНТЕВСКА СДК.МК

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Утрово падна снег на Пелистер

Планинарите кои го посетија денеска Пелистер, на социјалните мрежи објавуваат фотографии со снег и бела покривка. Иако и натаму календарски е лето, сепак, ниските температури...

Претседателката Силјановска-Давкова се сретна со Радев во Софија

Шефот на државата Румен Радев ја пречека македонската претседателка, Гордана Силјановска-Давкова во Софија. Двајцата ќе одржат кратка средба. Во областа каде што е средбата...

Докторка од Гевгелија – 7 години работела со фалсификат диплома !!!

Докторке!“. Вака ѝ се обраќале и колегите и болните во ЈЗУ Општа болница Гевгелија, каде таа облечена во белиот мантил, во своите раце...

Откриен идентитетот на жртвите од фаталната несреќа во Гостивар.

Тургај Ризванче и Бекир Хоп се двете жртви во трагичната несреќа што се случи во четвртокот вечерта на автопатот Гостивар – Кичево, пред ресторанот...