26.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаАхмети: Време е за првиот Албанец премиер, Зоран Заев не се согласува.....

Ахмети: Време е за првиот Албанец премиер, Зоран Заев не се согласува.. (Видео)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ахмети смета дека е време за Албанец премиер, Заев одговара со ваков услов за коалицирање, ДУИ нема да биде дел од идната Влада.

<

Во обраќањето по повод 18 годишнината од основањето на партијата наследничка на ОНА. Ахмети вели дека ДУИ е легитимен и апсолутен претставник на политичката воја на Албанците во последните две децении и била заедно во секој предизвик, во безброј процеси за постигнување на потполната рамноправност, за целосна интеграција во НАТО и Европската Унија, за подобрување на животниот стандард.

„Ние го започнавме овој пат заедно пред 18 години, Заедно се соочивме со секој предизвик и веруваме еден во друг, Заедно ги определивме и ги остваривме нашите цели и на оваа толку важна годишнина за сите нас, заедно да ја определиме нашата следна цел почнувајќи од следните избори, да ја реализираме определбата за да избереме ценета, почитувана и докажана личност, таа или тој кој што ќе го избереме заедно, за првиот Албанец премиер на земјава!!!“

Кратко по обраќањето на Ахмети, со статус на ФБ одгвори неговиот колаициски парнер, лидерот на СДСМ, Зоран Заев Тој вели дека секој граѓанин кој има 61 пратеник може да биде прмеиер. Заев пишува дека во земјава премиерт се бира според волјата на граѓаните, а не според етничката припадност на еден или друг кандидат.

„Точно е дека граѓаните во нашето општество сѐ повеќе ги надминуваат етничките бариери, но поважно од тоа е дека при изборот тие се водат, пред сѐ, од квалитетите на кандидатот и посебно од неговиот однос кон граѓаните, од неговата општествена посветеност за добробит на сите граѓани и државата, како и личниот пример што како впечаток кандидатот го остава пред граѓаните. Доколу СДСМ победи на изборите, јас сум кандидатот за претседател на Влада и ќе бидам премиер кој еднакво се бори за подобар живот на сите граѓани на Северна Македонија, нешто што го докажав низ сите мои политики изминативе години“, напиша Заев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...