26.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаМинистерот Филипче: Вирусот од ден за ден станува се послаб и послаб.

Министерот Филипче: Вирусот од ден за ден станува се послаб и послаб.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Изминативе неколку денови, од олеснувањето на мерките наваму, нашата држава се соочува со зголемен број позитивни случаи на Корона вирусот.

<

Многумина овој скок го препишаа на настанати кои се случуваа во месецот на Рамазанскиот пост и Ифтарите, но и масовното посетување на кафеаните изминатите денови.

Меѓутоа, веројатно не е баш така. Очигледно е дека во моментов се прават огромен број тестови, за наши услови. Доколку во изминатите месеци се правеа меѓу 300 и 500 тестови на ден, денес е соопштено дека се направени скоро 1300 теста.

Но има и нешто друго, а тоа е информацијата која на денешниот редовен прес ја даде Министерот Филипче, дека деведесет проценти од новите позитивни се од петнаесет семејства, таканаречени кластери кои се под контрола на властите.

И што е уште по охрабрувачки, тоа е веста дека од позитивните случаи, речиси 90 проценти се асимптоматски, а останатите минуваат со многу лесни симптоми, кои не бараат хоспитализација.

-Во болниците имаме многу малку нови пациенти. Капацитетите се речиси слободни, а тоа оди во полза на сознанијата дека вирусот е многу ослабен, неговата вирулентност е многу опадната, рече Филипче.

Поради тоа, од понеделник ќе престанат да важат сите рестриктивни мерки, а се размислува и за отворање на хотелите, рече Филипче.

Уште минатата недела беа дадени насоки на комисијата за заразни болести, да предложат кога и како да се отворат границите. За аеродромите сеуште нема најави, ниту информации кога би се отвориле.

-Ние и не само ние, сите земји од светот, ќе мораме да научиме да живееме со овој вирус. Иако имаше затишје, еве сега повторно во Словенија има нови случаи. Значи никој не може да кеже дека го победил вирусот и не треба да се избрзува со такви заклучоци, рече Филипче.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Армиските „Хермелини“ и „БТР“ оклопните возила стануваат противпожарни

Во фабрика во близина на Кавадарци, се одвива интензивна пренамена на воени оклопни возила во противпожарни машини, во пресрет на сезоната на шумски пожари....

Во пожар кај Кочани изгореа автобуси на плац

Според видеото кое се појави на дел од медиумите, синоќа избувна пожар на плац на излезот на Кочани, веднаш до бензинската пумпа „Авто Петрол”...

Менди Ќура официјално независен кандидат за градоначалник на Струга

Независниот кандидат за градоначалник на Струга г. Менди Ќура ја објави својата кандидатура. Со понижност и длабоко чувство на одговорност, денес стојам пред вас за...

Ексклузивна фотографии од опожарениот глисер кај каналот Студенчишта во Охрид.

  До нашата редакција пристигна ексклузивна фотографија од глисерот кој денес попладне се запали во близина на каналот Студенчишта во Охрид. Инцидентот се случил пред неколку...