9.7 C
Ohrid
петок, октомври 30, 2020
Почетна Македонија Иако комисијата бараша полициски час владата им го отфрли предлогот и не...

Иако комисијата бараша полициски час владата им го отфрли предлогот и не прифати нов полициски час .

Translate (Eng):[gtranslate]

Владата не прифати нов полициски час Иако комисијата предлагаше забрането движење од 22 до 5 часот наутро, на Илинденска бб е одлучено да се прават засилени контроли во критичните места. МВР, Инспекцискиот совет и Финансиската полиција добиваат задачи да направат планови за контроли.

„Да се воведат засилени контроли и мониторинг во таргетирани подрачја во Градот Скопје и општините, Арачиново, Студеничани, Илинден, Петровец, Зелениково, како и во Куманово, Липково, Штип и Карбинци, Тетово и тетовските општини Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце каде што е регистриран поголем број на новозаразени граѓани.“ – велат од Владата.

Заклучокот е повторно вратен во раце на лекарите од Комисијата за заразни болести. Предлогот постојано носење на маски насекаде и на отворено и во затворен простор го нема во владините препораки. Во меѓувреме и натаму се полни Ковид-19 билтенот со новозаразени. 87 регистрирани, од кои половина се во Скопје. Штип бележи 16 нови случаи на коронавирус, кластерите во Куманово се надополнуваат со уште 12 лица.

РЕКЛАМА
- Реклами -