21.7 C
Ohrid
понеделник, јули 14, 2025
ПочетнаМакедонијаОд лекарската комора обвинуваат дека во Македонија има лекари кои не веруваат...

Од лекарската комора обвинуваат дека во Македонија има лекари кои не веруваат во Ковид-19 и не ги праќаат пациентите на тестирање.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Лекари не веруваат во постоење на коронавирусот и не ги праќаат пациентите на тестирања за Ковид-19. Ова со загриженост го констатира Лекарската комора на Македонија која преку соопштение информираше дека еден дел од лекарите се однесуваат спротивно на официјалните протоколи, медицината базирана на докази и кодексот на медицинската деонтологија.

<

„Овие колеги не ги пријавуваат заболените за тестирање и ги лекуваат во домашни услови, а некои дури сметаат и дека вирусот не постои или се работи за заговори, со што се зголемува ризикот од ширење на инфекцијата“, се наведува во соопштението од Лекарската комора на Македонија.

Претседателката на Комората на лекари, Калина Гривчева – Старделова за Телма вели дека ваквите сознанија се доставени до Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

„Не е тоа голем број на доктори, меѓутоа еден мал, кој постои, ги лекуваат ги третираат пациентите дома, како настинка. Тоа подразбира дека ако третираш пациент дома не го тестираш. Основниот проблем е во тоа што пациентите кога ќе се препознаат дека настинката не поминува така лесно, дека не било лесна настинка, тогаш ги упатуваат во болница и најчесто се во сериозно тешка состојба. Еден дел од тие починати пациенти се затоа што се и касно донесени во болница, во тешка општа состојба“, вели д-р Калина Гривчева – Старделова, претседателка на Лекарската комора на Македонија.

Некои од лекарите дури и јавно на своите профили на социјалните мрежи објавувале дека коронавирусот не постои, што е документирано од страна на Комората.

За ваквотот прекршување на лекарскиот кодекс што можеби довело и до смртни случи Лекарската комора велат дека за понатаможно постапување прво ќе почекаат одговор Министерството за здравство и Комисијата за здравство.

„Јас, искрено, би почекала сето ова малце да стивне околу бројот на заболени. Докторите сега треба да се ангажирани во борба со вирусот. Треба да се ангажирани, што и се, најголем дел од нив“, смета д-р Калина Гривчева – Старделова.

Од Лекарската комора, од лекарите кои не веруваат во коронавирсот, бараат да ги остават на страна личните убедувања и да постапуваат според препораките на СЗО и здравствените власти во земјава.

„Бараме од сите вас да си ја исполните својата обврска кон пациентите со доследно придржување кон протоколите и начелата на медицината базирана на докази, добрата клиничка пракса и кодексот на медицинската етика и деонтологија!“, бара Лекарската комора од сојата фела.

Сè друго, наведуваат од Комората, го руши уледот на лекарската фела.

Тамара Грнчароска

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Ако беше лесно сигурно немаше да бидеме избрани од народот ние. (ВИДЕО)

Премиерот Мицкоски објави видео од него и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски од првата делница од долгоочекуваниот автопат Кичево – Охрид со...

Во 2027 година автопатот Кичево Охрид ќе биде целосно завршен и пуштен- За мецес дена ќе бидат пуштени уште 18км!!!

За околу месец и пол премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево- Охрид. Со нив и...

Голем пожар во Злокуќани: Зафатени шест куќи, 7 лица побарале лекарска помош!

Голем пожар избувна вчера вечер околу 20 часот во скопската населба Злокуќани, при што беа зафатени три куќи на улицата „Скупи“. Пожарот, кој првично започнал...

Жителите на Песочани, Ново Село, и Црвена Вода, прашуваат кога ќе се изградат пристапните патишта?

По вчерашното пуштање во употреба на дел од Автопатот Кичево-Охрид,делницата Врбјани-Ботун,по нивно барање денес остварив средба со група граѓани од населените места Песочани, Ново...