17.9 C
Ohrid
петок, јули 18, 2025
ПочетнаМакедонијаПочина најстариот Охриѓанец Ибрахим Реџеп 1918 – 2020

Почина најстариот Охриѓанец Ибрахим Реџеп 1918 – 2020

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во 102 година од животот, ноќеска, во својот дом во Охрид, опкружен од семејството тивко почина Ибрахим Реџеп.

<

Ибрахим Реџеп е роден на 15.03.1918 година во Охрид. Потекнува од старо турско семејство кое во тие времиња биле духовни лица – Оџи. Неговиот татко бил мудерист (учител) во тогашната медреса (исламско училиште). И Ибрахим Реџеп беше образован човек. Впрочем, тој еден од основачите на Основното училиште „Братство и Единство“ во Охрид, каде долги години беше учител и наставник. Поради недостиг на наставен кадар тогаш, тој учителствува извесен период и во Ресен.

Ибрахим Реџеп беше семеен човек, има две ќерки и внука. Беше витален и самостоен до самиот крај од неговиот долг живот. Физички активен и секогаш внимавал што јаде, ништо освен здрава храна, велат најблиските на чичко Ибрахим за „тајната“ на долговечноста на најстариот Охриѓанец, кој по 102 години земскиот го замени со вечниот дом.

Извор ohridnews.com

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Албанците со повик за бојкот на Кока-кола: Без ниту едно албанско име на етикетите

Кока-Кола се соочува со жестоки критики во јавноста, откако беше обвинета за дискриминаторски и исклучувачки ставови кон албанската заедница во Северна Македонија. Причина за...

Прерана загуба во Охрид – збогум учениче со светла насмевка

Тешко е да се најдат зборови што ќе ја опишат болката од прераното заминување на нашиот драг ученик. На само 16 години, засекогаш не’ напушти...

Време е за поништување на Преспанскиот договор и национално обединување, вели митрополит Агатангел

Веднаш треба да се пристапи кон поништување на одвратниот Преспански договор. Од него сè почна, и кај него сè треба да заврши. Треба да...

10 милиони се уште не се распределени од Црвен крст за настраданите во Кочани.

Поминаа четри месеци од пожарот во кочанскиот диско клуб „Пулс“ и сè уште не се целосно исплатени финансиите што се собираа од граѓаните кои...