8.9 C
Ohrid
среда, ноември 13, 2024
ПочетнаМакедонијаУгостителските објекти од утре ќе може да работат и после 22 часот,...

Угостителските објекти од утре ќе може да работат и после 22 часот, деновиве стартуваат со работа и хотелите…

Најверојатно утре, угостителските објекти ќе се соочат со нови, дополнителни протоколи за работи во време на пандемијата од коронавирусот. Според информации на ТВ21, од утре локалите ќе може да работат и по 22 часот, како по старото работно време.

Протоколи за работи очекуваат и хотелите, за кои од Владата велат дека ќе бидат објавени во следните денови.

„Ние како Министерство за економија во соработка со Министерството за здравство доставивме предлог, а од Комисијата за заразни болести бевме известени дека до понеделник ќе бидат изготвени дополнителни протоколи што се однесува на работењето на угостителските објекти, вклучувајќи ги тука и хотелите“, истакна Крешник Бектеши.

Како што дознаваме, ова лето ќе треба да се збогуваме со шведска маса, бидејќи тоа е дел од протоколите. Масите ќе бидат на раздалеченост, со тоа што една маса ќе може да биде поставена на 10 метри квадратни, со растојанието меѓу гостите од два метри. Тие, пак, ќе треба да бидат од едно семејство.

Од друга страна, дел од хотелските работници нагласуваат и дека Владата мора да разгледа можност за намалување на ДДВ-то, мерка веќе преземена во Бугарија и Грција.

На тешката финансиска состојба се жалат и угостителите од Тиквешијата кои на еден ден ги затворија своите бизниси и протестираа. Добиле ветување од Владата дека нивните барања ќе бидат разгледани на владина седница.

„На наредната владина седница, а најдоcна до вторник ќе бидат разлабавени мерките и тоа работно време во работни денови до 24 часот, а за викенди до 01. Ќе се овозможи и работа во внатрешните делови од објектите со одредени протоколи“, посочи Дане Белевски.

Мислење за се ова, се чека од Комисијата за заразни болести која треба да даде мислење и околу одржувњето на свадби во време на пандемија.

Министерот за економија, Крешник Бектеши додаде дека и во ситуација кога е истечена вонреднатат состојба, Владата има законска можност да носи протоколи како правни акти.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Принцот Вилијам по третпат е прогласен за најсекси ќелав маж во светот,

Принцот Вилијам две години по ред е прогласен за најсекси ќелав маж на светот. Новото истражување на маркетиншката агенција „Рибут“ го стави принцот од...

Дете на 16 години ја возело колата што вчера направи сообраќајка кај Бистрица, објави СВР Битола

Полицијата соопшти - На 12.11.2024 во 08.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола-с.Бистрица се случила сообраќајна несреќа...

Таткото на Вања бараше да му пишеме на Илон Маск за да ја најде со сателит, сведочеше тетката на Вања

Во Основен кривичен суд Скопје, во врска со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска сведочеше тетката на Вања. Таа зборуваше за потрагата...

18-годишник загина во сообраќајна несреќа во Охрид, 16-годишник со тешки повреди

На 13.11.2024 во 01.15 часот, на регионалниот пат Охрид – Св. Наум, во близина на охридската населба „Елешец“, патнички автомобил „пежо“ со охридски регистарски...