9.9 C
Ohrid
среда, септември 17, 2025
ПочетнаЗабаваОсмани направил фотомонтажа и објавил фотографија каде е сам со папата...

Османи направил фотомонтажа и објавил фотографија каде е сам со папата ама испаднал со три уши

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вицепремиерот Бујар Османи, сакајќи да ја претстави едногодишнината од посетата на папата Франциско во Скопје, на својот твитер-профил објави фотографија како се поздравува со папата.

<

И сето тоа беше во ред сè додека твитерџиите не ја пронајдоа оригиналната фотографија, на која се гледа дека Османи всушност не бил сам додека се ракувал со папата.

Објавената фотографија на твитер                              Оригиналната фотографија

Очигледно е дека вицепремиерот интервенирал на оригиналната фотографија и ги избришал сите луѓе околу него, за да изгледа дека е всушност сам при ракувањето.

Не треба да бидете аматер за да ја видите лошо направената фотомонтажа на Османи. Фотографијата е сечена нестручно, до тој степен што на главата на вицепремиерот останало неисечено и увото на еден од присутните, па фотографијата станува уште покомична со тоа што на темето на Османи се гледа трето уво.

 

 

 

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Струга пријавени девет кандидати за Градоначалник, во Охрид четири

Најголем интерес, од општините во Југозападниот регион, е забележан во Струга каде до општинската изборна комисија се поднесени 9 кандидатури за градоначалник и 10...

Пејачката Наташа Малинкова е кандидат за советничка во Општина Кавадарци

Поп-рок пејачката Наташа Малинкова (42) е кандидат за советничка на Совет на Општина Кавадарци на претстојните локални избори. Нејзиното име се најде на листата...

Скопјанец во фолија во двор одгледувал канабис

На 16.09.2025 околу 12:30 часот во с.Ајватовци, скопско, полициски службеници Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Д.С.(47) од с.Ајватовци...

Дамките од крв сведочат за велешката трагедија: Да не добиел условна казна ова денес немаше да се случи !!!

Дамките од крв пред семејната куќа на 31-годишната Росица Коцева и нејзиниот 74-годишен татко Киро Коцев во Велес сведочат за хоророт што се случи...