20.9 C
Ohrid
среда, септември 17, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче: Веќе ги објавивме имињата на 450 луѓе, а следната недела очекувам...

Филипче: Веќе ги објавивме имињата на 450 луѓе, а следната недела очекувам и да спласнат жариштата во Скопје

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Предвидувањата на епидемиолозите се дека следната недела може да се очекува дека во Скопје жариштето ќе спласне, но ова е со резерва, можеби има некои контакти за кои не сме свесни. Кај нас можеби и малку порано почна тој бран, се појавија жаришта во Куманово, Тетово, Штип, а тие жаришта, освен Скопје, веќе спласнаа, изјави министерот за здравство Венко Филипче гостувајќи вечерва во „Само Вистина“ на Канал 5.

<

Тој рече дека веќе се објавени имињата на 450 лица кои одбиле да ги примат решенијата од ДСЗИ, а треба да се во изолација.

Филипче порачува дека единствен начин да се заштитиме од вирусот е да се почитуваат протоколите.

– Секогаш има ризик да се пропушти некој контакт или да не го каже контактот, а луѓето одговараа на прашалници и често даваа и погрешни податоци – истакна министерот.

На забелешката на новинарот Гоце Михаловски дека неговите предвидувања беа за 2.500 заболени од коронавирусот, а само сега има плус 3.000 заболени, Филипче одговори:

– Тоа беше предвудување за поголемиот пик, за очекување беше вториот бран, а тој дојде малку порано. Апсолутно, појава на вториот бран е поради непочитување на мерките и потекнува од големите семејни собири на кои не се носеле ни маски, ниту се држела дистанца помеѓу луѓето – рече Филипче.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

И по шест месеци од пожарот, Панчо од ДНК се уште бил во болница

Вчера се навршија шест месеци од пожарот во таканаречениот клуб Пулс во Кочани, каде животот го загубија 62 млади лица, помеѓу кои и шест...

Голф теренот во Охрид – атрактивна туристичка понуда

Голф теренот во Охрид, кој е прв и единствен во земјава, го стави градот на мапата на туристички дестинации за љубителите на голфот од...

Собир на плоштад во Скопје по повод шест месеци од трагедијата во Кочани!

Собрани сме да ги потсетиме институциите за нивната неодговорност и непостапување. Не видовме во овие шест месеци една институција да излезе со одговор на...

Во Струга пријавени девет кандидати за Градоначалник, во Охрид четири

Најголем интерес, од општините во Југозападниот регион, е забележан во Струга каде до општинската изборна комисија се поднесени 9 кандидатури за градоначалник и 10...