-0.1 C
Ohrid
четврток, март 20, 2025
ПочетнаМакедонијаПросечната плата во Македонија намалена за 1.710 денари. (Видео)

Просечната плата во Македонија намалена за 1.710 денари. (Видео)

spot_img

Просечната плата во земјава континуирано се намалува. Државната статистика покажува дека во април просечната нето плата изнесува 25.830 денари, што е за 600 денари помалку споредено со месец март. Од почетокот на годинава просечната плата е намалена за 1.710 денари.

<

ПРОСЕЧНА НЕТО ПЛАТА ПО МЕСЕЦИ ВО 2020 ГОДИНА

ЈАНУАРИ 27.540 денари

ФЕВРУАРИ 27.206 денари

МАРТ 26.422 денари

АПРИЛ 25.830 денари

Најголем пад на платите во последниот месец има кај дејностите што се најпогодени од кризата.

Кај тур-операторите и туристичките агенции просечната плата за еден месец е помала за речиси 20%. Вработените во сместувачките капацитети и објектите за подготовка и служење храна земале плата пониска за 9%. Позначајно паднале платите и во секторите транспорт и складирање, преработувачка индустрија, како и секторот информации и комуникации.

ПРОСЕЧНА НЕТО ПЛАТА ВО АПРИЛ, СПОРЕДЕНО СО МАРТ

Туристичките агенции -19,5%

Објекти за сместување и сервисни дејности со храна -9%

Транспорт и складирање -6,6%

Преработувачка индустрија -6,5%

Информации и комуникации -4,9%

Според Статистика, кризата не ги погоди платите на вработените во снабдување со електрична енергија и гас, здравствена и социјална заштита, како и во финансиски дејности и осигурување.

ПРОСЕЧНА НЕТО ПЛАТА ВО АПРИЛ, СПОРЕДЕНО СО МАРТ

Снабдување со електрична енергија и гас +1,7%

Дејности на здравствена и социјална заштита +1%

Финансиски дејности и дејности на осигурување +0,8%

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ангелов: На погребот во Кочани ќе бидат само најблиските, ужалените грѓани ги молам да не влегуваат внатре

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојнче Ангелов, ги замоли ужалежните граѓани да не влегуваат на гробиштата на денешната погребна церемонија, туку тоа...

Лишени од слобода лицата кои правеа огномет синоќа во Скопје !!!!

Лишени од слобода лицата кои правеа огномет синоќа во Скопје На 19.03.2025 околу 21.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк...

10-минутен огномет во Скопје во време кога тагува цела Македонија

Во денови на жалост поради трагедијата во Кочани на некого му дошло до огномет. На социјалните мрежи се појави снимка на која јасно се...

Мицкоски најави отворање на случаите за модуларната болница и за несреќата кај Ласкарци

Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на „Сител“ рече дека ќе се отворат „сите претходни случаи, и за модуларната болница и за Ласкарци“, најавувајќи...