14.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаМе гаѓаат со камења, ме мразат што се грижам за кучиња, вели...

Ме гаѓаат со камења, ме мразат што се грижам за кучиња, вели Вики Димитрова за mms.mk

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ме гаѓаат со камења, ме мразат што се грижам за кучињата. Но, што да правам, кога има премногу напуштени кучиња, а јас многу ги сакам и не можам да гледам како луѓето се однесуваат со нив. Каква душа треба да носиш во себе, кога штотуку родени кученца ги земеш од мајка и ги фрлиш. А мајката да ја тепаш.“ Вака скопјанката Вики Димитрова, за mms.mk, ја почнува својата приказна за грижата на семејство од 30тина напуштени домашни миленици, но и кучиња, кои ја немале среќата да најдат хумано семејство да се грижи за нив. Дека ние сме народ кој и покрај тоа што живее во 21 век, се уште ја нема развиено свеста за емпатијата кон другите луѓе, а не пак кон животните, покажуваат и секојдневните тажни животни случки на многу кучиња, со кои Вики веќе шест години се соочува.

<

-Јас отсекогаш сум чувала по некое милениче, кутре или маче или папагал. Како дете сум згрижувала и негувала мали мачиња, кои луѓето ги фрлале во контејнери, а за тоа ме подржувала мојата мајка. Таа ми ја негуваше љубовта кон напуштените животни. Во моментов имам згрижено 35 кутриња и едно маче, кое неодамна го најдов оставено и болно на улица. Ако кон оваа бројка ги додадам и уште неколкуте кои не се во стационарот, туку на улица, а јас само ги хранам, бидејки се уште се исплашени и не ми веруваат до крај за да ги земам, и плус моите дома, се повеќе, вели Вики.

Кој искрено ги сака животните знае дека тие премногу ги сакаат лугето и ако им се даде прилика да жиеват со некое семејство, ја даваат својата безгранична љубов. Тие, исто како и луѓето, подобро функционираат во семејство, отколку осамени и напуштени на улица.

-Јас и моите кутриња функционираме како едно големо семејство, во кое јас сум мајката, а тие се моите штитеници .Чудно е, но тие иако претходно не се познавале, секое на различна страна е најдено, сепак, како да знаат дека ја делат истата судбина и меѓусебно споделуваат љубов, играат,  весели се, но кога сум јас во прашање, не ја делат љубовта. Ме сакаат само за себе, додава таа.

Некој кој ја негувал љубовта кон животните, а бил разочаран од луѓето некогаш рекол: „ Колку повеќе ги запознавам животните, толку повеке ги мразам лугето“. И денес тоа важи, можеби многу повеќе, бидејќи место свеста да ни биде разбудена, ние се повеќе низ секојдневните примери забележуваме дека во тој сегмент како луѓе воопшто не сме напреднале.

-За жал тоа е една голема вистина. Досега се нема случено некое кутре да ми наштети или да сака да ме повреди. А од луѓето многу често сум го доживеала тоа. Кучињата даваат огромна и  безусловна љубов. Кога само ќе погледнете во нивните очи, тие зборуваат со поглед. Во нивните очи се гледа само љубов, секако за  тие што сакаат да ја видат. Навистина бараат само љубов. Не случајно велат дека кучето е најверниот пријател на човекот. Јас секојдневно се уверувам во тоа, објаснува Вики.

Оние кои ги сакаат животните и кои дома чуваат миленик, многу добро знаат дека единствената разлика со човекот е што не знаат да зборуваат. Инаку, ги делат истите емоции, и тие имаат свој карактер. И за разлика од човекот, кој може да „сака“ од корист, нивната љубов е искрена.

-Па за искрена љубов не се потребни зборови.Тие чувствуваат кога сум тажна ,нерасположена, доаѓаат ме мирисаат, ме набљудуваат. Знаат дека нешто се случува и на само ним својствен начин се обидуваат да ме утешат .Тие ме разбираат а за тоа не се потребни зборови, вели таа.

Превземено од mms.mk  Целата статија прочитајте ја тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Арсовска му возрврати на пратрникот Ковачев: Имам чешки пасош, бугарски немам !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во гостување во „Тешки муабети го демантира европратеникот Андреј Ковачев кој објави дека наводно Арсовска е бугарски...

Видео: Семејствата на загинатите го исвиркаа кочанскиот градоначалник, тој го откажа најавениот концерт

Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, вечерва се појави пред семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, кои одржаа протест, гневни...

После лавината реакции, Кочани се откажа од прославата по повод празникот Петровден.

Почитувани сограѓани, Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на...

Андреј Ковачев: „Нападот врз Арсовска е напад врз бугарски државјанин“

Европратеникот Андреј Ковачев го осуди инцидентот со скопската градоначалничка Данела Арсовска, нарекувајќи го „уште една загрижувачка атак врз бугарски државјанин во Северна Македонија“. Сериозно сум...