10 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаТодоров: Вмро Дпмне и Сдсм треба да направат коалиција без ниту еден...

Тодоров: Вмро Дпмне и Сдсм треба да направат коалиција без ниту еден Албанец во власта.

Провокација за денешнава моја колумна е изборната кампања на ДУИ со која бараат Албанец да биде премиер на Северна Македонија.

Како човек што поминал голем број на успешни кампањи и бил дел од многу изборни победи, веднаш, уште на почеток морам да кажам дека ДУИ направи одличен пробив со овој слоган и со оваа кампања. Можам да претпоставам кој е творецот на ова во ДУИ бидејќи добро ги познавам и знам кој може да постави вака успешна предизборна кампања, па затоа од аспект на поранешен шеф на изборни кампањи морам да им честитам за лукавоста и интелигентниот изборен пристап.

Со ова ДУИ се промовираа како трета партија во државата, како еден вид задолжителна опција и прилично мудро ги истиснаа останатите албански партии од трката за првото место во условно кажано албанскиот електорат. Сега, како останатите албански партии да се натпреваруваат за почесното второ место, иако имаат повеќе опции како да им ја „украдат“ кампањата на ДУИ и да го земат приматот во известувањето. Но еве, ниту една партија од албанскиот блок до сега не смисли оригинален одговор кој ќе ја симне ДУИ од насловните страници.

А, има доста можности за тоа, но тоа не е сега моја работа. Затоа велам, прилично вешт потег. Но, тоа е од аспект на водење на изборна кампања.

Општествени импликации

За жал, ова покрај предизборна има и силна политичка импликација во нашето длабоко поделено општество. Овој потег веднаш предизвика прилично лошо чувство кај Македонците.

Најголем дел од нив ова го гледаат како обид на комплетно денационализирање на македонската држава или дури и како албанизација на Македонија. Дури и тие кои имаат прилично либерални ставови и сметаат дека не е важно дали некој е Македонец, Албанец или Турчин, туку е важно дали некој е човек или нечовек тешко можат ова да го соџвакаат и прифатат. Не затоа што предлогот е Албанец да биде премиер, туку затоа што ова се предлага од чисто националистички причини.

Сме имале ние многу Македонци, Албанци и од сите други националности на многу високи позиции, некои од нив добро си ја извршувале работата, некои и одлично, ама некои биле тешка катастрофа и буквално ништо позитивно не оставиле зад себе. Што мислите, дали ако Албанец стане премиер, Албанците во Џепчиште или Желино ќе живеат подобро, дали ќе бидат побогати, дали образованието ќе им биде подобро или здравството подостапно или пак оние што секојдневно се иселуваат ќе се вратат во државата?

Ова е еден аспект кој е логичен, и веројатно и повеќе пати кажан, но за жал има и друг аспект кој може да биде многу лош за партиите на македонските Албанци. Замислете ова исто прашање, да биде поставено и за можноста двете, условно кажано македонски партии да направат коалиција. Зошто да не СДСМ и ВМРО да направат коалиција? И така СДСМ е отворена и за македонските Албанци, има доста албански функционери, членови, но и доста албански гласови. А ја има и Беса во предизборна коалиција.

Зошто да нема коалиција помеѓу ВМРО, СДСМ, и БЕСА? Или пак ако сме исто толку националистички настроени зошто да нема коалиција само помеѓу ВМРО и СДСМ без ниту еден Албанец во власта? Зошто да не?

Колумна на Никола Тодоров за dw.com/mk

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...