15.9 C
Ohrid
петок, јули 11, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче побара веднаш да биде разрешен директорот на јавно здравје Зибери, откако...

Филипче побара веднаш да биде разрешен директорот на јавно здравје Зибери, откако најави дека ги отворал границите за да дојде дијаспората и да гласа за ДУИ.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Изјавата на директорот Арбен Зибери не е точна и ако има правни услови тој денеска ќе биде сменет, рече министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес конференција, како одговор на новинарско прашање во врска со изјавата на директорот на Центарот за јавно здравје, кој кажа дека лично издејствувал отворање на границите без потреба од ПЦР тест и карантин, со цел иселениците Албанци да може да дојдат и да гласаат на изборите.

<

„Ја прочитав изјавата, прво да кажам дека е апсолутно невистина, директорот Зибери не е член на Комисијата, ова сметам дека е предизборна реторика и тоа евтина и лоша и ништо нема да добие директорот со оваа изјава. Сметам дека ваква изјава не доликува на доктор, посебно не на човек кој раководи една таква институција. Уште денеска ќе се консултирам со правниците и ако во овој период може, директорот денес ќе биде сменет“, рече Филипче, додавајќи дека Комисијата постојано работи врз основа на медицинските индикатори.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Видео: Семејствата на загинатите го исвиркаа кочанскиот градоначалник, тој го откажа најавениот концерт

Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, вечерва се појави пред семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, кои одржаа протест, гневни...

После лавината реакции, Кочани се откажа од прославата по повод празникот Петровден.

Почитувани сограѓани, Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на...

Андреј Ковачев: „Нападот врз Арсовска е напад врз бугарски државјанин“

Европратеникот Андреј Ковачев го осуди инцидентот со скопската градоначалничка Данела Арсовска, нарекувајќи го „уште една загрижувачка атак врз бугарски државјанин во Северна Македонија“. Сериозно сум...

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, го осуди нападот врз скопската градоначалничка Данела Арсовска.

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, го осуди нападот врз скопската градоначалничка Данела Арсовска. Тој негира поврзаност со овој случај. „Општина Чаир најостро го...