30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаБратучедот на Драган Вучиќ Благоја Вучиќ кој се излекува од Ковид-19 денес...

Братучедот на Драган Вучиќ Благоја Вучиќ кој се излекува од Ковид-19 денес даруваше крвна плазма, со цел да спаси друг човечки живот.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Братучедот на популарниот пејач и водител Драган Вучиќ, кој пред повеќе од еден месец почина поради компликации од Ковид 19 на скопската Инфективна клиника, Благоја Вучиќ донираше крвна плазма, откако претходно беше излекуван од заразниот корона вирус, пишува Фокус.

<

Тој заедно со Драган на почетокот на мај биле хоспитализирани на Клиниката за Инфективни болести, позитивни на Ковид 19. Благоја Вучиќ бил со средно тешка клиничка слика, со наод на бели дробови и ставен на кислородна поддршка. Тој е со крвна група А-позитив. Сепак, неговата здравствена состојба се подобрила, ја победил битката со вирусот и во текот на вчерашниот ден дарувал крвна плазма со цел да се спасат повеќе пациенти кои се носители на опасниот вирус.

Пред некој ден, доктор Кристијан Богданоски од Итната медицинска помош од Македонски Брод, кој ја доби битката со корона вирусот даруваше крвна плазма, а крвна плазма даруваше и еден од првите заразени лекари во Куманово, доктор Мирослав Бошковски, кој исто така го прележал вирусот.

Пред две недели крвна плазма донираа и двете ќерки на најстарата пациентка, која се излекува од Ковид 19, како и млада девојка од Скопје, која го победи вирусот по поминати 17 дена во болница.

На 14 јуни, од министерството за здравство информираа дека е обезбедена крвна плазма за 23 пациенти заразени со корона вирус.

Од Министерството упатуваат апел до сите кои биле инфицирани да даруваат плазма, за побрзо да се спречи ширењето на овој непредвидлив вирус. Објавен е и формулар што треба да го пополнат потенцијалните дарители, на веб-страницата на Иститутот за трансфузиона медицина.

Ирена Мулачка Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...