26 C
Ohrid
петок, јули 10, 2020
Почетна Македонија Семејството Реџеповски Три години живеат без вода и струја

Семејството Реџеповски Три години живеат без вода и струја

Translate (Eng):[gtranslate]

Ајрија и Беџет Реџеповски живеат на само неколку кимометри од центарот на Куманово. Но, во нивниот дом нема ниту струја, ниту вода. Со заоѓањето на сонцето, заедно со нивниот син ја минуваат ноќта на искра светлина од запалена свеќа. Утредента, таткото и синот заминуваат во градот да собираат пластични шишиња, продавајќи ги за да донесат леб дома.  Ајрија зема неколку празни туби кои се распоредени во дворот и ги става во количка. Се симнува во една од околните куќи оддалелена на 200 метри за да „позајми“ вода. Тоа за семејството е единствениот спас од пеколните температури и за одржување каква-таква хигиена во домот.

Но, патот назад до дома неретко знае и да ја измори поради болеста. Ајрија има тумор, но, со вкупна социјална помош од 7.000 денари која ја добибаат со нејзиниот сопруг, парите не стигнуваат за лекови.

Сите се мачиме со количка да донесеме вода дома. Немаме ништо. Повеќе живееме во нечистотија, отколку во чисто. Водата, колку што ја имаме, ја користиме за се – од пиење, ако зготвиме нешто, за перење на рака и да се избањаме колку што можеме, вели Ајрија, цедејќи ја водата од алиштата во леѓенот поставен на средина на куќата.

РЕКЛАМА

Кога се враќа порано дома, на Ајрија и помага и Беџет. Но, на двајцата ретко кој им помогнал. Во текот на 4 месечната епидемија од ковид-19, тие се снаоѓаат како знаат и умеат. Донаторски пакети од брашно и средства за дезинфекција добиле еднократно.

автор: Петар Клинчарски

Прочитајте повеке на линкот

Досие.мк

- Реклами -