24.9 C
Ohrid
петок, јуни 27, 2025
ПочетнаМакедонијаГолем број деца и млади затруени во скопска сендвичара, надлежните не ја...

Голем број деца и млади затруени во скопска сендвичара, надлежните не ја затвораат

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Затруени граѓани од скопска сендвичарница завршуваат на инфузија во болница. Деновиве голем број лица се пожалија на висока температура, дијареа, грчеви во стомакот откако како што тврдат јаделе во Гранд Бургер. Голем број од нив купиле од храната за време на викендот и по неколку часа настапило труењето. 19 годишниот Мартин Ливрински јадел хамбургер заедно со својот другар. Силни грчеви во стомак го разбудиле по што почувствувал и висока температура. Помош побарал во приватна болница.

<

Мартин се уште не се чувствува добро иако поминале 4 дена.

Меѓу затруените се Инес Ефремова и нејзиниот сопруг. Нарачале по телефон хамбургери со помфрит за дома во саботата.Истите симптоми ги почувствувале рано утрото и прво се посомневале на вирусот Ковид 19. Помош побарале во брзата помош а оттаму ги упатиле во ургентниот центар на болницата 8 септември а потоа на клиниката за Токсикологија.

На Токсикологија, околу 22:30 часот исто ни потврдија дека повеќе луѓе од “Гранд бургер” пријавиле труење дента и веднаш ме примија. Таму се онесвестив,па примив кислород и три шишиња инфузија и ме задржаа до 7 часот следниот ден. Сега сум дома, уште се чувствувам лошо и чекам резултати од копрокултура за да се потврди конкретната бактерија, изјави Инес Ефремова.

Труење од сендвичите на гранд бургер имаат и мали деца. Бројни реакции стигнуваат преку социјалните мрежи. Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат велат дека до сега нема пријава од скопскиот центар за јавно здравје за случајот со труењето за да излезат на терен и времено да ја затворат сендвичарницата. Не јасно е зошто никој не реагирал за случајот и кој потфрлил по толкав број на пациенти кои тврдат дека со симптоми на труење завршиле во болница. Додека здравствените служби чекаат официјална пријава од АХВ веќе постапиле.

И АХВ тврди дека не добиле официјално известување од здравствените институции за труењето.

АХВ направи вонредна контрола во сендвичарница во Скопје, која во претставката беше посочена како објект од кој биле нарачани сендвичи со пилешко месо кои предизвикале труење кај три лица. Со контролата не се констатирани отстапки во поглед на хигиената во објектот, а од храната земени се мостри за лабораториско испитување.

Доколку мострите покажат присуство на бактерија, агенцијата веднаш ќе ја затвори сендвичарницата.

Одговори побаравме и од сопственичката на Гранд Бургер која ја затекнавме на работното место. Таа не сакаше да зборува пред камера, се додека не бидат готови резултатите од земените мостри. Тврди дека работат согласно сите стандарди и во хигиенски услови. И кај нив дошле граѓани да се пожалат на труење од сендвичи со пилешко месо, а вчера и денеска вели биле посетени од надлежните кои на лице место не констатирале недоследности.
сител

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Петар Богојески ќе предава на Воена академија

Неодамна разрешениот по барање на Брисел директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, денеска на социјалните мрежи објави дека...

Археолози открија автохтон натпис на сад при истражувања на локалитетот Градиште-Охрид.

При последните археолошки истражувања на локалитетот „Градиште“, во селото Младо Нагоричане, археолозите од НУ Музеј – Куманово открија две значајни наоди – најстар автохтон...

65 годишна жена од Австралија прегазена во Охрид.

На 25.06.2025 во 14.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Абас Емин“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски...

Скопјанецот ја тепал својата 4 годишна ќерка бидејќи се качила на креветот за да ги земе играчките !!!

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје целосно ја заврши постапката, ги прибра сите докази и до Основниот суд во Скопје достави обвинение против...