15.6 C
Ohrid
сабота, мај 17, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев од Чаир: Ќе ме гледаат Вмровците уште 4 години па што...

Заев од Чаир: Ќе ме гледаат Вмровците уште 4 години па што сака нека е..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Низ вашите лични примери низ вашиот живот ја покажавте важноста на оваа наша земја дека сме заедно, сме биле отсекогаш заедно, векови и векови, само овие лажните патриоти 11 години се обидуваа да не делат на вакви или онакви и затоа добија по капата, падна едниот сега ќе падне и другиот партнер од тоа време – изјави вечерва лидерот на СДСМ, Зоран Заев од Чаир.

<

-Здраво е и за нив и за државата, 17 години се на власт, доста е. Здраво е и за Македонија, здраво е и за ДУИ да поминат во опозиција, а ударот на режимот вмровски сега што ќе им го зададеме само тоа може да ги обнови нив како партија, само тоа може да ги европеизира за да имаат шанси. Им кажав пред 1 година, од 50 до 120 000 гласови ќе ве победиме, еве слушајте ми го зборот, зборот е збор“,тврди Заев.

-Како поминува кампањата, продолжува Заев, така расте поддршката кон нас, се топат, се разобличуваат како тој стиропорот на фасадите што го имаат ставено. Паѓаат од секој ветер, од секој дожд, се пополека, пополека се мијат и излегува нивното вистинско лице. Се обидоа со секаков вид негативна и гнасна кампања, Зоран Заев та Зоран Заев, ама ќе ме гледаат мене уште 4 години па што сака нека е. Нема спас од Зоран Заев – рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

69-годишен маж од Свети Николе со воздушна пушка пукал во деца кои береле цреши од неговиот двор

На 16.05.2025 во 14.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода В.И.(69) од Свети Николе. Тој претходно од...

Жена возач сруши семафор кај Сити Мол.

На булеварот Партизански одреди пред трговскиот центар Сити мол во Скопје попладнето се случи една невообичаена сообраќајна незгода. Автомобил марка „рено“ со скопски регистарски...

Пратеник на СДС се качи на кровот на Собранието и се закануваше дека ќе скокне. (Видео)

Пратеникот на словенечката опозициска партија СДС, Андреј Хојвик, денес се искачи на покривот на Народното собрание во Љубљана и им се обрати на минувачите,...

Сител во кочанската болница каде одат на рехабилитација дел од повредените – лузните ќе зараснат, болката во душата не

Внатрешната болка до крајот на мојот живот ќе трае, зашто лузната како лузна веќе не ме засега, изгубив од сестра детенце, тој е...