30.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаТинејџер од Скопје киднапирал Италијанка па ја чувал заклучена во стан во...

Тинејџер од Скопје киднапирал Италијанка па ја чувал заклучена во стан во Охрид.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

19 – годишен скопјанец држел заклучена во стан во охрид 26- годишна италијанска државјанка . Тој го изнајмил станот од охриѓанец и заедно со пријател од Скопје се приведени во полициската станица во Охрид.

<

Утрово во 04,00 часот во Полициската станица Карпош, В.Ѓ.(49) од Скопје пријавил дека П.М.Д.(26) од Р.Италија, била заклучена во стан во Охрид, односно противправно лишена од слобода од лицето С.С.(19) од Скопје, кој што бил со привремено живеалиште во Р.Италија.

Од полициски службеници од СВР Охрид излезено е на терен и во стан на ул. “Партизанска“ во Охрид, сопственост на Л.С.(60) од Охрид кој го имал изнајмено, била пронајдена П.М.Д., како и лицето Б.Ф. од Скопје, познаник на С.С. Набргу С.С. и Б.Ф. се приведени во СВР Охрид.

За настанот е запознат јавен обвинител, а од страна на судија на претходна постапка на двајцата приведени им е одредена мерка во траење од по осум дена.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...