8.9 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаМакедонијаПритвор за двајцата киднапери кои држеа италијанка заклучена во стан во Охрид

Притвор за двајцата киднапери кои држеа италијанка заклучена во стан во Охрид

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Основниот суд во Охрид одреди осумдневен притвор на две лица на возраст од 19 и 20 години, осомничени дека на 3 јули 2020 година противправно ја лишиле од слобода и го ограничиле движењето на државјанка на Република Италија.

<

– Првоосомничениот, кој имал привремен престој во Италија, во државава пристигнал заедно со оштетената, со намера да ја убеди таа да склучи брак со второосомничениот, негов роднина од Скопје, за да може и тој да замине во Италија. Откако пристигнале, осомничените ја заклучиле оштетената во стан во Охрид и се оддалечиле во непознат правец. Настанот бил пријавен од  Амбасадата на Република Италија, по што осомничените биле пронајдени и лишени од слобода, стои во соопштението од ОЈО.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид до Основниот суд Охрид достави Предлог за определување на мерката притвор за двајцата осомничени, поради постоење опасност од бегство и можност осомничените да го повторат кривичното дело. Судот го прифати предлогот и со Решение на двајцата осомничени им е определен притвор во траење од по осум дена.

За двајцата постои основано сомнение дека го сториле кривичното дело – Противправно лишување од слобода од член 140 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...

Добри вести за земјоделците: Албрим Хоџа ќе биде заменик-министер за земјоделство.

Албрим Хоџа, член на претседателството на Алијансата за Албанците (АА), која и понатаму останува дел од коалицијата ВЛЕН, се очекува да биде новиот заменик-министер...

Кран се сруши денеска околу 14 часот во Битола

Градежен кран паднал над објект во стaрата касарна во Битола, информираат за АПЛА граѓани кои биле очевидци. Кранот според фотографиите што ни ги испратија...

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун и текстил На 30.05.2025 полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на...