21.7 C
Ohrid
понеделник, јули 14, 2025
ПочетнаМакедонијаСДСМ фатени на дело во подготовка на изборен фалсификат: МВР откри шема...

СДСМ фатени на дело во подготовка на изборен фалсификат: МВР откри шема за местење избори???

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од страна на Отсекот за економски криминал при Секторот за внатрешни работи Штип во текот на вчерашниот ден беа преземени мерки и активности за расчистување на кривично дело ,,Поткуп при избори и гласање“ при што до основното јавно обвинителство е доставено известување и побарани се насоки за преземање на дополнителни мерки и дејствија заради целосно документирање и докажување на кривично-правниот настан.

<

 

„Имено, по добиени оперативни информации дека лицето Д. А. од Штип поседува патни исправи и лични карти од повеќе НН лица од ромска националност кои биле држени како залог за настанат долг во неговата прехранбена продавница, а кој долг наводно би им бил подмирен доколку истите на денот на изборите гласаат за политичката партија СДСМ, од страна на ОЕК при СВР Штип од Судија на претходна постапка од Основен суд Штип побарана и добиена е наредба за претрес на дом и други простории кај конкретното лице со цел обезбедување на материјални докази и целосно документирање на настанот. При извршениот претрес во прехранбената продавница на лицето биле пронајдени 4 тетратки во А4 формат во кои имало список со имиња, 69 биометриски лични карти, 18 биометриски патни исправи, 18 стари патни исправи, 6 стари лични карти, 1 дозвола за престој и 1 здравствена легитимација, за кои постои основано сомневање дека се предмет на Кривично дело ,,Поткуп при избори и гласање“ од чл.162 од КЗ. Пронајдените предмети со потврда за привремено одземени предмети се одземени од лицето Д. А., а во просториите на СВР Штип со конкретното лице извршен е разговор во однос на околностите поврзани со пронајдените предмети.

 

Министерството за внатрешни работи и понатаму ќе ги презема сите мерки и активности за спречување на изборен поткуп и влијание врз гласачите. Апелирам до граѓаните да ја пријават секоја активности со која се крши или попречува нивното избирачко право.“, соопштија од МВР.

Извор dijalektika.com

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Ако беше лесно сигурно немаше да бидеме избрани од народот ние. (ВИДЕО)

Премиерот Мицкоски објави видео од него и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски од првата делница од долгоочекуваниот автопат Кичево – Охрид со...

Во 2027 година автопатот Кичево Охрид ќе биде целосно завршен и пуштен- За мецес дена ќе бидат пуштени уште 18км!!!

За околу месец и пол премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево- Охрид. Со нив и...

Голем пожар во Злокуќани: Зафатени шест куќи, 7 лица побарале лекарска помош!

Голем пожар избувна вчера вечер околу 20 часот во скопската населба Злокуќани, при што беа зафатени три куќи на улицата „Скупи“. Пожарот, кој првично започнал...

Жителите на Песочани, Ново Село, и Црвена Вода, прашуваат кога ќе се изградат пристапните патишта?

По вчерашното пуштање во употреба на дел од Автопатот Кичево-Охрид,делницата Врбјани-Ботун,по нивно барање денес остварив средба со група граѓани од населените места Песочани, Ново...