34.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаВо Македонија има 1.517 вработени рамковните административци кои со години не одат...

Во Македонија има 1.517 вработени рамковните административци кои со години не одат на работа, а земаат плата.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Најновото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, формирано лани во јуни, има 1.517 вработени кои не одат на работа ниту пак имаат простории. На чело на ова министерство е ексминистерот за животна средина Садула Дураки, кој досега нема никаква активност, ниту пак се појавил во јавност.

<

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, Собранието по предлог на Владата го изгласа на 27 март 2019, а официјално почна со работа во јуни. Претходно беше Секретаријат за спроведување на Рамковниот договор на чело со вицепремиерот Хазби Лика. Новото министерство нема своја веб страна, ниту некаде може да се добијат информации за контакт и во кои простории се сместени министерот Дураки и 1.517 вработени.

Годишно за работата на ова Министерство од буџетот на државата се трошат по 9,5 милиони евра.

САКАМДАКАЖАМ.МК ги праша Владата и Министерството за информатичко општество и администрација во кои простории е сместено Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и дали се вратени на работа сите вработени по укинувањето на мерките за ковид-19. Но, одговор на прашањата испратени по електронска пошта не добивме.

Извори за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека овие 1.517 вработени се всушност рамковните административци кои со години не одат на работа, а земаат плата. Со формирање на новото Министерство, за нив е најдено работно место, но повторно не треба да одат да работа, ниту да работат. Министерството нема ниту свои простории. Единствено, канцеларија во зградата на Владата има министерот Дураки, на кого исто така му следува и службено возило. Имало план новото министерство да биде сместено во зградата на Македонската радио телевизија, но тоа досега не е реализирано.

Со 1.517 вработени, ова Министерство е едно од најголемите. Повеќе вработени од него имаат само Министерството за внатрешни работи со полицијата (12.000) и Министерството за одбрана со армијата (7.800).

Сите други министерства имаат неколку пати помалку вработени, како на пример Министерството за правда со 236 вработени, Министерството за финансии со 682, Министерството за транспорт и врски со 275, Министерството за животна средина со 209, а во Министерството за надворешни работи се вработени 438 лица.

Освен за плати и надоместоци, каде што оди најголем дел од буџетот од 9,5 милиони евра, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците за 2020 има предвидено активности како промоција на меѓуетнички односи за што беа одвоени 6 милиони денари, но овие пари со ребалансот на буџетот се пренаменети, одбележување на годишнината од Рамковниот договор – 450.000 денари, унапредување на односите меѓу заедниците – 6 милиони денари, но со ребалансот намалени на 2,2 милиони денари. Како активности се наведени 400.000 денари за стручно оспособување и усовршување и отворање на инфо центар за унапредување на меѓуетничките односи, но тие пари се скинати поради кризата со ковид-19, па оваа година нема да има инфо-центар.

А. АНТЕВСКА- СДК.МК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...