18.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаГруевски за Франкфуртер- Ќе ја барам правдата во Стразбур а со...

Груевски за Франкфуртер- Ќе ја барам правдата во Стразбур а со политика повеќе не се занимавам

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски се надева на правда по обвинувањата со кои се соочи во поранешната татковина, но истата планира да ја бара во Стразбур, пред Европскиот суд на правдата, а не пред македонските судови. Со политика веќе нема намера да се занимава, вели Груевски во интервјуто за неделното издание на Франкгфуртер алгемајне цајтунг, негово прво за западен медиум по заминувањето од власт, пренесе Дојче веле.

Груевски објаснува дека повеќе не ја следи меѓународната политика толку многу. За време на едноиполгодишниот престој во Будимпешта, научил и малку унгарски, но со премиерот Виктор Орбан се сретнал само еднаш.

Уште додека бил пратеник, тврди Груевски во ФАЦ, преку посредници му било нудено да гласа за Преспанскиот договор во замена за ослободување од кривичен прогон или намалување на казната. Тие посредници му биле директно испраќани од ексшефицата на СЈО Катица Јанева и од премиерот Зоран Заев.

Новинарот на ФАЦ, Михаел Мартенс пишува дека водел три долги, повеќечасовни разговори со Груевски – два во Скопје пред неговото бегство во Унгарија, и еден во Будимпешта – со вкупна должина од повеќе од 6 часа. Повеќето од разговорите биле снимани, освен еден, кога двајцата опуштено разговарале во скопскиот ресторан „Пелистер“, каде според Мартенс, Груевски бил постојано поздравуван од гостите и од граѓаните кои сакале да се сликаат со него. Една ипол година подоцна, двајцата повторно разговарале во хотел во центарот на Будимпешта, каде Груевски објаснува дека побегнал од земјата поради страв за сопствениот живот. ФАЦ пишува дека таквиот страв е логичен затоа што двајца други поранешни министри од владата на Груевски биле нападнати од „Албанци“ додека биле во затвор. Дополнително, и одлуките на судовите во Шведска и Грција да не испорачаат неколку македонски државјани барани од СЈО за кривични дела поврзани со режимот на Груевски, ја оправдуваат критиката на експремиерот кон владеењето на правото во земјата, наведува ФАЦ.

Груевски се надева дека ќе добие правда за кривичните дела кои му се ставаат на товар во Европскиот суд на правдата. За да стигнат неговите случаи дотаму, најпрво треба да се исцрпат правните лекови во Северна Македонија.

„Сите случаи против мене се исти: измислени, без никакви докази и политички мотивирани“, вели Груевски.

„Аудио снимките се манипулирани и сечени на различни начини“, тврди Груевски, додавајќи дека илегално стекнати снимки како „бомбите“ не можат да бидат доказ никаде во светот. Западот, тврди Груевски, не сака да ги критикува неправилностите во неговиот и многу други случаи, затоа што владата на Заев го реши спорот за името со Грција и ја внесе земјата во НАТО.

„…Омилениот бегалец на Орбан сака да се жали во Стразбур. Стариот живот е зад него“, пишува ФАЦ и го цитира Груевски:

„Немам намера да се враќам во политиката“.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...