7.5 C
Ohrid
недела, мај 18, 2025
ПочетнаМакедонијаДИК: Гласале 723 лица заболени од ковид-19 и во самоизолација

ДИК: Гласале 723 лица заболени од ковид-19 и во самоизолација

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вкупно 723 лица го искористиле правото на глас во рамки на денешното гласање на лица заболени од ковид-19 и во самоизолација, информираше денеска Државната изборна комисија.

<

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски појасни дека било утврдено дека треба да гласаат 759 лица, а разликата што се јавува во бројките кои ги соопштиле претходно е од причина што тие одлучувале и прифатиле одредени приговори од граѓани.

„Благодарност до медиумите и вистинската порака која што је пренесовте до граѓаните дека ДИК и државата обезбедија целосно сигурно гласање на сите наши граѓани кои беа во оваа категорија на гласачи, а со тоа можам да кажам дека ДИК си ја заврши својата задача и за останатите два дена за гласање кога ги повикувам сите наши граѓани да излезат и гласаат, и да не се грижат за своето здравје затоа што на гласачките места ќе бидат максимално безбедни“, изјави Дерковски.

Тој изрази благодарност до сите кои учествуваа во гласањето на првиот ден од изборниот процес на вонредните парламентарни избори 2020 година затоа што се одвиваа во исклучително тешки услови за организација и спроведување на самиот чин на гласање.

Од денешното и утрешното гласање ДИК не објавува резултати, туку само бројка на излезност.

„Од денешното гласање објавуваме само излезност, а не бројки. Ливчињата остануваат запечатени во пликоата, кои се наоѓаат во гласачките кутии. Така ќе биде и на утрешното гласање. Тајноста е загарантирана и не постои начин да се отворат овие ливчиња, ниту да се провери кој за кого гласал. Сите овие ливчиња остануваат затворени со останатите ливчиња од гласањето на 15 јули и тие нема да се отвораат се до завршување на гласањето“, изјави Борис Кондарко, член на ДИК.

Право на глас на изборите имаат еден милион 814 илјади и 263 граѓани. Утре гласаат болните и немоќните чиј број изнесува 8.852, лицата во 13 Казнено-поправни установи и тоа 1.657 и шест внатрешнораселени лица. Во 17 старски домови правото на глас ќе можат да го остварат 357 гласачи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од Скопје до Солун ќе се стига за 1 час и 30 минути.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски потенцира дека Договорот за стратешко партнерство значи дека нашите односи се на највисоко можно ниво, што ќе...

Тошковски: Ги јакнеме капацитетите за одржлив систем за управување со кризи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со амбасадорот на Република Австрија, г. Мартин Памер, денеска во рамки на работна посета на Охрид, присуствуваа...

69-годишен маж од Свети Николе со воздушна пушка пукал во деца кои береле цреши од неговиот двор

На 16.05.2025 во 14.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода В.И.(69) од Свети Николе. Тој претходно од...

Жена возач сруши семафор кај Сити Мол.

На булеварот Партизански одреди пред трговскиот центар Сити мол во Скопје попладнето се случи една невообичаена сообраќајна незгода. Автомобил марка „рено“ со скопски регистарски...