22.9 C
Ohrid
среда, јуни 23, 2021
Почетна Македонија Како Насер Зибери се „разболе“ и „оздраве“ од ковид-19 за три часа...

Како Насер Зибери се „разболе“ и „оздраве“ од ковид-19 за три часа !!

Translate (Eng):[gtranslate]

Еден час по објавувањето на првичната вест дека Зибери е позитивен на коронавирусот, дел од медиумите, како „Плусинфо“ и „Фокус“, објавија дека добиле потврда од ДУИ дека информацијата е точна, пишува 360 степени.

Дури два часа по таквата потврда или повеќе од три часа по првата вест, Зибери се огласи на социјалните мрежи дека не е болен

Во моментите кога денеска стрелките на часовникот означија 13 часот, барем во две редакции се пишуваше веста дека Насер Зибери, кандидатот за премиер на една политичка партија, е позитивен на ковид-19. Непријатната информација е релевантна во кое било време, а уште повеќе добива на значење ако се знае дека утре е денот кога граѓаните кои не се болни или во изолација ќе гласаат на парламентарните избори.

13:14 часот

Ако се точни часовниците на медиумите, информацијата дека Насер Зибери е позитивен на коронавирусот прв ја објави порталот gazetaexpress.com. Покрај текстот стои дека тој е објавен во 13 часот и 14 минути.

РЕКЛАМА

Во текстот се вели дека читатели на порталот го виделе Насер Зибери во болницата „Аџибадем Систина“, во делот каде се вршат тестирања за ковид-19 и ги испратиле фотографиите до нивната редакција. Порталот потоа се повикува на „читателите“ дека Зибери се тестирал по појавата на симптоми. Редакцијата се обидела да контактира со Зибери, но не успеала во намерите, бидејќи телефонот му бил исклучен.

13:21 часот

Само седум минути подоцна веста ја објавува и првиот портал на македонски јазик. Следејќи ги агрегаторите на вести, тоа е vecer.mk. Во текстот се појавуваат истите фотографии кои ги има и во текстот на „Газета Експрес“. Тоа значи или дека ги „позајмиле“ од текстот на колегите објавен само 7 минути порано на албански јазик или дека истите „читатели“ им ги испратиле и ним.

Текстот на веста на Вечер е многу краток. Интегрално пишува:

„Вечер.мк дознава дека Насер Зибери, кандидатот на ДУИ за премиер на Македонија е позитивен на коронавирус. Засега е непознато каде се заразил.

Зибери секојдневно беше во кампања имајќи контакт со илјадници луѓе, но и фукциониери“,

пишува во текстот на Вечер.мк.

13:42 часот

Веста добива на „залет“ откако на информацијата се приклучуваат и други медиуми. Така, во 13:42 веста ја презема и ТВ Сител, при што се повикува на Вечер.мк. Во тој момент страницата изгледаше вака:

Во моментот на објавување на овој текст, ако кликнете на линкот кој води до веста, страницата на Сител изгледа вака:

13:53 Партијата потврди

Во 13 часот и 53 минути или речиси 40 минути по првиот текст, порталот Плусинфо ја објави првата „потврда“. Медиумот напиша дека „кандидатот за прв премиер Албанец Насер Зибери е позитивен на ковид-19, потврдија за Плусинфо од ДУИ“.

Малку подоцна текст со независна потврда дека Насер Зибери е позитивен на ковид-19 објави и Фокус.

14:08 часот

Откако се појавија првите текстови со потврда дека Зибери е болен од ковид-19, во 14:08 часот и „360 степени“ почна да ги врти телефонските броеви на високи функционери на партијата чиј кандидат за премиер е искусниот политичар и правник. Но, еден по еден никој не знаеше што е вистина. Велеа дека ќе прашаат, па ќе одговорат. Насер Зибери не можевме да го добиеме, бидејќи не одговараше на повиците.

По еден час обиди да добиеме навидум едноставна информација, решивме да објавиме, со доза на резерва, бидејќи партијата не потврдуваше, но и не демантираше.

16:19 часот Демант по повеќе од три часа молк

И кога новинарите почнаа да прашуваат кој се ќе треба да оди во изолација поради контакт со болниот од ковид-19 Насер Зибери, кандидатот за премиер се огласи на социјалната мрежа Фејсбук. Веста што ја пренесе е: не сум болен од коронавирусот.

Но, останува фактот дека во трите часа во кои молчеше и тој и партијата која стои зад него се рашири вирусот на лажни вести, а Зибери доби медиумско внимание во време на изборен молк. Може да се види кој се го пренесуваше тој „вирус“, најверојатно, често и без да се знае дека има нешто заразно, но засега е енигма кој е „нулта пациентот“.

Извор: 360 степени.

- Реклами -