23.9 C
Ohrid
среда, јуни 23, 2021
Почетна Македонија Овој електричен автомобил чини 930 долари, доколку го нарачате ќе го добиете...

Овој електричен автомобил чини 930 долари, доколку го нарачате ќе го добиете по пошта.

Translate (Eng):[gtranslate]

Ако сонувате за електричен автомобил, но како и повеќето луѓе не можете да си овозможите купување на “Tesla”, постои решение и за вас.

“Changli”, најевтиниот електричен автомобил на светот чини само 930 долари, односно 1.200 долари со поголема батерија, а истиот може да се нарача и онлајн.

Тој е дизајниран и произведен од кинескиот производител “Changzhou Xili Car Industry”. “Changli” е мало електрично возило кое привлекува големо внимание откако беше промовиран како најприфатливиот електричен автомобил на светот.

РЕКЛАМА

Да се нарече ова возило “автомобил” можеби е малку чудно, со оглед на тоа што моторот може да произведе само 1,16 коњски сили и неговата најголема брзина е 30 км/ч. Сепак, возилото доаѓа со неколку интересни карактеристики како што се клима, грејачи, радио, камера…

Но, според многумина најимпресивната карактеристика на овој производ е тоа што тој може да се испорача до вашата врата. Имено, секој може да нарача “Changli” преку интернет. Всушност, единствениот начин да го купите е да го нарачате преку “Aliexpress”.

“Changli” е долг 2,5 метри, широк 1,50 метри и висок 1,80 метри. Тежи 323 килограми и може да носи до 300 килограми. Верзијата со две седишта се продава за 930 долари (1.200 американски долари со поголеми батерии), додека верзијата со три седишта чини 1.500 долари. Батеријата на која ѝ се потребни 7 до 10 часа за полнење издржува од 40-100 километри, во зависност од големината.

- Реклами -