24.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаврши потрагата: Панчевски е уапсен и спроведен во Шутка.

Заврши потрагата: Панчевски е уапсен и спроведен во Шутка.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски бил уапсен, дознава 24 Инфо.

<

Директорот на затворот „Шутка“, Есад Рахиќ за МИА потврди дека Владимир Панчевски, од денска напладне се наоѓа во затворот.

Панчевски денеска во 12 часот напладне самиот се пријавил во затворот. При приемот бил прегледан му била измерена температура, и откако е утврдено дека нема никакви симптоми на Ковид-19 е примен во притворското одделение.

Панчевски неколку дена беше во бегство откако по судска наредба од Основен суд Велес за негово приведување, полицајци од ПС Центар три пати не го нашле Панчевски на домашната адреса.

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев вчера на прес конференција изјави дека по Панчевски е распишана е потерница и оти се вршат оперативни проверки дали ја напуштил земјава.

Судот му одреди притвор откако девет месеци не се појавил на судењето за случајот АКМИС и местењето предмети кај подобни судии во време кога бил претседател на Кривичниот суд.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...