-6 C
Ohrid
сабота, јануари 16, 2021
Почетна Македонија Апасиев: Со секој би правел влада само со Сдсм никогаш !!!

Апасиев: Со секој би правел влада само со Сдсм никогаш !!!

Translate (Eng):[gtranslate]

Левица обвини дека ова е најголемата кражба во изборната историја.

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на прес-конференција обвини за изборна кражба и најави кривични пријави против членовите на ДИК за овој, како што рече, „невиден скандал во досегашната изборна историја“.

Тој рече дека се сомнева дека партијата по вчерашните избори е оштетена за минимум 10-ина илјади гласа и дека ѝ се украдени, како што рече, тројца пратеници во изборните единици 1, 2 и 4.

РЕКЛАМА

Апасиев прстот го впери во СДСМ и обвини дека партијата се обидува да им го земе вториот пратеник.

Хакерскиот напад на страницата на ДИК го нарече изборен масакр и дека по разговор со стручни лица смета дека дистрибуиран напад на интернет-страница чини неколку милиони евра, а само неколку луѓе или структури во државата, рече тој, може да го спроведат тоа.

Незадоволен е од изборниот модел кој, како што рече, ќе мора да претрпи измени зашто не може да опстои и тоа ќе биде негов прв предлог како пратеник во Собранието, за промена во една изборна единица.

Ова е шизофрен изборен модел, кој ја фалсификува волјата на граѓаните. Затоа што еден пратеник на СДС и ДПМНЕ чини седум илјади гласа, а еден пратеник на Левица чини скоро 19 илјади гласа или два и пол пати повеќе. Иронија е што Алијанса и Алтернатива, кои имаат двапати повеќе освоени гласови од нас, имаат шест пати повеќе мандати од нас

На прашањето за идна коалиција, Апасиев рече дека засега немаат контакти со политички партии, но дека со СДСМ нема за што да разговараат.

Сега-засега немаме контакти со никоја партија. Веројатно ќе треба да се даде мандатот, па мандатарот да нѐ викне да преговараме, но начелно со СДС нема што да преговараме.

Но според пишувањата и анализите Апасиев и Левица можно е да останат во опозиција ако се земе во предвид дека ДУИ пред изборниот молк најавија дека се расположени за соработка со СДСМ.

Апсиев доби честитки од Ангелов, кој рече дека ќе пие кафе со професорот, но на сметка на лидерот на Левица.

- Реклами -