13.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 14, 2021
Почетна Македонија Се закопаа секирите -СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ прават широка Влада – ДУИ во...

Се закопаа секирите -СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ прават широка Влада – ДУИ во опозиција???

Translate (Eng):[gtranslate]

Анализа

Минатата среда Македонија во своето портфолио запиша уште едни успешно организирани парламентарни избори и тоа е за почит. Повторно покажавме дека македонските граѓани целосно ги почитуваат основните демократски принципи и како држава демонстриравме подготвеност за почеток на преговори за членство во Европската унија. Сега следува период на преговори и пазарења меѓу политичките партии за формирање на нова владејачка гарнитура која ќе ја има честа и одговорноста да ги започне пристапните преговори со ЕУ наесен.

Тука, морам да признаам највпечатливо е барањето на ДУИ за прв премиер Албанец. Не дека не може етнички Албанец или Србин да стане премиер на Македонија, но за тоа да се случи истиот треба да ја добие поддршката на граѓаните на избори. За таа цел потребно е личноста да биде високо кадарна и неговата биографија да покажува дека сработил многу во корист на нашата држава и сега е спремен да ја обавува функцијата премиер. Исто така, кандидатот треба да покаже дека Македонија му е на прво место, односно да ја убеди македонската јавност дека неговата програма за следните четири години ќе донесе подобар живот за сите нас без разлика на нашата етничка или било која друга припадност.

РЕКЛАМА

Да не се разбереме погрешно, секоја чест за Насер Зибери, човек кој мене лично ми има оставено позитивен впечаток како политички аналитичар и учесник во политички дебати и анализи. Сепак, изборните резултати покажаа дека македонските граѓани во господинот Зибери не го гледаат следниот премиер на Македонија и ДУИ треба што поскоро да се помири со реалноста.

За жал, гледаме дека тоа не е случај и дека лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе инсистира Зибери да стане премиер по секоја цена, а ако тоа сценарио се покаже неприфатливо за СДСМ, тогаш извесно е дека Ахмети ќе побара барем една половина од владините министри да бидат од редовите на ДУИ како еден вид на компензација за неприфаќањето на Зибери за премиер на Македонија.

Во такви услови, СДСМ може елегантно да одговори на етно-националистичките барања на ДУИ и да состави широка влада со ВМРО-ДПМНЕ. Ова нема да биде ништо ново или погрешно на европската политичка сцена, затоа што и една Германија повеќе од десет години функционира беспрекорно со една ваква широка влада во која учествуваат двете најголеми ривалски партии, социјалдемократите СПД и демохристијаните ЦДУ.

На новата широка влада можеме да ги додадеме и Алијанса на Албанците, Алтернатива и ДПА со што идната владејачка гарнитура би имала партнер и од албанскиот политички блок. На овој начин, ДУИ ќе замине во опозиција заедно со нивните уцени што повеќе наликуваат на политиките на Слободан Милошевиќ отколку на партија што се залага за северноатлантска интеграција на Македонија како што тие сами се декларираат.

За крај би додал дека за една ваква широка влада навистина да успее на дело потребно е двете најголеми македонски партии еднаш и засекогаш да ги закопаат секирите во земја и конечно да стават крај на партиските препукувања и негативната кампања која доминираше изминатиов

период и која доведе и едната и другата партија драстично да изгубат голем број на гласачи (над 100.000) во споредба со претходните избори во 2016 година.

Затоа велам, време е за широка влада преку европеизација и помирување на партискиот дискурс како што доликува на една земја членка на НАТО и претендент за ЕУ.

 

Пишува: М-р Филип Ивановски за Фактор.мк

- Реклами -