22.9 C
Ohrid
среда, јуни 23, 2021
Почетна Македонија Со неносењето маски Македонците го избраа најтешкиот пат, државата има пари до...

Со неносењето маски Македонците го избраа најтешкиот пат, државата има пари до септември, после тоа е можно да останат сите без работа и без пари…..

Translate (Eng):[gtranslate]

Пандемиската криза која го зафати светот од почетокот, а понтензивно од март оваа година, на почетокот беше енигма. Вирусот непознат, не беше познато колку е вирулентен, колку е инкубацијата, колку ќе трае…

Но како одминуваше времето, здравствените работници, научниците и властите, почнаа да учат многу работи околу Ковид-19, а што е уште поважно, почнуваа да учат и стануваа свесни и граѓаните. Но не секаде, не во сите земји. Менталитето исплива на површина.

Некои земји, како нашата, но и поголемиот дел од нашите соседи од Балканот, мораа да спроведат карантински мерки, за да го ослабнат бранот кој се закануваше да го парализира здравствениот систем. И во тоа се успеа. Но беше повеќе од јасно дека штом се релаксираат мерките, вирусот повторно ќе ја покаже својата сила, што и се покажа како точно.

РЕКЛАМА

Минатиот месец најпрво кај нас, а овој месец веќе и во оснатите балкански држави, почна драстично да се зголемува бројот на нови позитивни случаи, а тоа се должи исклучиво на неодговорноста на граѓаните, односно дел од нив. Поголемиот дел.

Почнаа да прават семејни веселби, да ги полнат кафеаните и рестораните, плажите и сите места кои пред кризата беше нормално да бидат полни со народ, но не и сега. И сето тоа го прават, без да носат заштитни маски и со тоа директно ја загрозуваат безбедноста на своите познати и непознати, секако и својата.

Втора последица од пандемијата е економијата. Овој удар до некаде се ублажи со кредитите кои земјата успеа да ги земе, но, како што наведува подолу еден од најреномираните економисти во земјава и поранешен висок финкционер на СДСМ Зоран Јовановски, тие пари се при крај:

„Каде и да се сврти во земјава, човек ќе види многумина без маски и без било какви обѕири за целава ситуација. Некого го мрзи, некој мисли не постои вирусов, некој од чист сеир или инает, секој со своја причина.

Тоа е така затоа што кај голем дел од населението си постои генерална безгрижност. Кај администрацијата платите си доаѓаат во цел износ, пензиите исто.

Работел, не работел приватниот сектор, за државниот сектор е се’ исто како и пред коронава. Дел од приватниот сектор исплаќа минимални плати само за да не отпушта.

Тоа е така затоа што државата на сите страни расфрла пари позајмени од странство. А тие пари ќе завршат. Набрзо, веќе во септември. Тогаш ќе дојде ударот и моментот на вистината. И намалување на платите и се’ друго.

Е ТОГАШ, ќе сфатат сите дека ИЛИ ќе носат маски и ќе бидат дисциплинирани и здравственава криза ќе се стави под контрола и фирмиве ќе работат, а буџетот државен колку-толку ќе се полни ИЛИ ќе има тешки економски последици, помали плати, отпуштања.

Жално е што ситуацијава со коронава не можеме да ја надминеме со свест и разбирање, ама тоа e, ќе научиме на потешкиот начин…“

Галама

- Реклами -