16.4 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаТаравари- Не наседнуваме на триковите на Ахмети , ние ќе работиме за...

Таравари- Не наседнуваме на триковите на Ахмети , ние ќе работиме за доброто на сите граѓани

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Таравари во интервјуто за „Слободен печат“ порача дека неговата партија нема да учествува во пазарењето и изборниот трик на Али Ахмети.

<

„Етноцентризмот нема да биде нашата определба, туку доброто на секој граѓанин во оваа држава. За оваа држава да бележи напредок најмалку од сѐ ѝ е потребно да има политичари со тенденција општеството да го делат на ин и аут-групи, „ние“ наспроти „тие“. Ние не сакаме да учествуваме во таков тип пазарења. Она што го направи Ахмети беше повеќе изборен трик, отколку една грандиозна идеја за обединување на Албанците во државата“, порача Таравари.

Таравари меѓу другото откри дека Алијансата на Албанците и натаму нема остварено контакт со СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ за можно формирање на влада, а додаде дека е невозможно партијата да се најде во владата заедно со ДУИ.

„Нам не ни се одлика валканите политички игри, пресметки и калкулации. Впрочем, со таквото чисто минато и сегашност сакаме да влеземе во идната влада. И по секоја цена ќе се бориме да го задржиме својот интегритет и доследност кон граѓаните. Во таа смисла, невозможна мисија е ДУИ и Алијансата да се најдат на истото место“, изјави Таравари.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...