9.7 C
Ohrid
петок, октомври 30, 2020
Почетна Македонија После објавата на Шило Магазин пазарниот инспекторат го затвори клубот Аватар во...

После објавата на Шило Магазин пазарниот инспекторат го затвори клубот Аватар во Струмица.

Translate (Eng):[gtranslate]

Пазарните инспектори утрово ги пломбираа вратите на локалот Аватар во Струмица кој почна со работа пред десетина дена а изминатиов викенд организираше забави со повеќе од стотина лица на едно место. Шило Магазин прв го сподели видето од ”корона забавата” на кое јасно се гледаше дека се прекршени сите протоколи за заштита од Ковид 19, гостите беа еден до друг и без заштитна маска.

Локалот ќе биде затворен се додека Владата не донесе мерки и протоколи за работа на ноќните клубови во услови на коронавиурс. Наши блиски извори кажуваат дека на отворањето имало над 1.500 гости, и покрај забраната тој неколку дена викал познати естрадни имиња.

Пазарниот инспекторат констатирал дека локалот работел и со истечена лиценца како ноќен клуб за што се поднесени и пријави против правното и одговорното лице.

РЕКЛАМА

Од Аватар тврдат дека тие на новата локација не функционираат како ноќен клуб туку како кафе бар на отворено, при што се придржувале до пропишаните мерки и протоколи за работа на кафе барови.Но во петокот состојбата излегла од контрола со големата посетеност.

Почитување на протоколите за работа стасаа и од Центарот за Јавно здравје во Струмица откако во последниве денови беа откриени десетина нови позитивни меѓу кои и 24 годишен стумичанец.

Во Струмица досега има околу 15 активни случаи на Ковид 19 15 се оздравени а две лица починаа од компликациите предизвикани од овој вирус.

- Реклами -