25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаВакцината на Оксфорд влева надеж - за Македонија ќе бидат потребни 200.000...

Вакцината на Оксфорд влева надеж – за Македонија ќе бидат потребни 200.000 вакцини

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вакцината против коронавирус на Универзитетот Оксфорд можно е да биде пуштена во употреба до крајот на годината, смета професорот Драган Даниловски. Тој во разговор за Сител вели дека Британците се најблиску до производство на заштита од Ковид од другите околу 200 лаборатории кои исто така работат на вакво откритие. Во септември ќе почне и последната фаза на тестирањето на оксфордската вакцина врз 30.000 граѓани. Според епидемиологот убедува фактот што главниот научник уште во експериментална фаза си ги вакцинирала 3-те деца близнаци.

<

-Сара Гилберт главниот научник истражувач за вакцината ги вакцинирала децата и зборува за убеденост. Вакцината обезбедува 2,6 пати поголема заштита во однос на уминитетот кај граѓани кои го прележале Ковид-19. Досега се велеше дека тие имаат 3 месеци умунитет и потоа се тврдеше дека антителата исчезнуваат, изјави за Сител професорот по епидемиологија Драган Даниловски.

И Македонија се надева на дел од 2-те милијарди најавени вакцини од Оксфорд за што има иницијатива за приклучување кон глобална набавка. Но засега нема информација колку дози планира да набави државата.

Професорот Даниловски смета дека за колективен имунитет потребно е да се вакцинира една третина од населението, но според него ова е тешко возможно и додава дека за стабилна епидемиолошка состојба со Коронавирусот доволно е да се заштитат 150 до 200.000 луѓе во земјава. Sitel tv

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...