21.3 C
Ohrid
сабота, август 9, 2025
ПочетнаМакедонијаЉупчо Георгиевски ќе ја тужи ВМРО ДПМНЕ

Љупчо Георгиевски ќе ја тужи ВМРО ДПМНЕ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поранешниот претседател на ВМРО ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски најави дека ќе поднесе тужба до партијата за новите статутарни измени, со кои меѓу другото се укинува титулата почесен претседател, која тој досега ја имаше.

<

Георгиевски, кој е претседател на ВМРО – Народна партија смета дека согласно позитивната правна регулатива веќе стекнато право како почесен претседател на партијата не може да биде одземено.

И затоа ангажирал правен тим кој на суд ќе треба да го докаже тоа.

Освен на Георгиевски, титулата почесен претседател на ВМРО ДПМНЕ, според новите измени, му се укинува и на Никола Груевски.

Во меѓувреме, не стивнуваат реакциите од поранешни и актуелни членови на ВМРО ДПМНЕ кои бараат оставка од Мицкоски.

Денека кон нив се приклучи и поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Конески, кој на ФБ напиша дека резултатот од парламентарните избори покажа дека е крајно време за промени во ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе од јасно е дека на партијата и е неопходен добар тим, раководство со капацитет за обединување и демократизација, кои во моментов се клучни за враќање на довербата кај граѓаните, напиша Коневски.

Од ВМРО ДПМНЕ му одговорија дека Коневски тежи минус 4 илјади гласа, добро е што не работеше на оваа кампања, па ВМРО-ДПМНЕ повторно си го врати Аеродром.

Добро е што Ивица Коневски излезе со став, инаку сликата на печалбар од ВМРО-ДПМНЕ не би била потполна, велат од партијата.

Откако, Централниот комитет одлучи Мицкоски да не си дава оставка, туку да продолжи со обидите да формира парламентарно мнозинство, на површина излегоа притаените тензии.

Најгласни беа поранешните функционери и исклучените од партијата. Митко Јанчев, Никола Попоски, Даниела Рангелова и Сашо Мијалков на социјалните мрежи бараат оставка од Мицкоски и сериозни реформи во партијата.

Далиборка Демјанска Цветановска-Телма

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...