13 C
Ohrid
вторник, ноември 24, 2020
Почетна Македонија По 47.000 евра патни трошоци за пратеник – ТВ21 открива: Колку нѐ...

По 47.000 евра патни трошоци за пратеник – ТВ21 открива: Колку нѐ чинеше последниот парламентарен состав?

Translate (Eng):[gtranslate]

Од 500 па до 47.000 евра земале пратениците за патни трошоци во деветтиот парламентарен состав. Рекордери најчесто се пратениците на СДСМ и коалицијата кои патуваат од внатрешноста до своето работно место. Вкупно за патни трошоци потрошени се 1.495.996 евра.

– Реклама –

Најскапо нè чинел пратеникот Алија Камберовски од ПЕИ, кој беше дел од коалиција на СДСМ. Патува од Струга, тоа го чинело 47.450 евра. Втора на листата исто така е пратеничката од СДСМ, Бети Рабаџиевска-Наумовска од Ресен со вкупен износ од 45.918 евра. Пратеникот на Алијанса за Албанците, Сурија Рашиди кој патува од Струга, за тригодишниот мандат земал 42.261. Следува неговата колешка Делчево, Мира Стојчевска. Таа за три години инкасирала 41.632 евра. За 1.000 евра помалку потрошил нејзиниот опонент од Битола, Зоран Илиоски – 40.692 евра. Следува поранешната пратеничка на ДПМНЕ, а по уставните измени независна, Емилија Александрова од Берово. Пријавила 36.287 евра патни трошоци. На листата следуваат Хари Локвенец од Прилеп со 35.774 евра, Милева Ѓоргиева од Радовиш 34.358 евра, Агим Шаќири од Струга, 33.379 евра и последен на листата од ТОП 10 се наоѓа Димитар Стевананџија кој за патни трошоци од Прилеп, инкасирал 31.705 евра државни пари.

РЕКЛАМА

Алија Камберовски 47.450 €

Бети Рабаџиевска Наумовска 45.918 €

Сурија Рашиди 42.261 €

Мира Стојчевска 41.632 €

Зоран Илиоски 40.692 €

Емилија Александрова 36.287 €

Хари Локвенец 35.774 €

Милева Ѓоргиева 34.358 €

Агим Шаќири 33.379 €

Димитар Стевананџија 31.705 €

*Податоци од Собранието на Република Северна Македонија

10 пратеници кои потрошиле најповеќе за закупнина на стан:

Благица Ласовска 7.145 €

Лилјана Затуроска 7.145 €

Лилјана Кузмановска 7.145 €

Бранко Маноиловски 7.145 €

Крсто Јовановски 7.053 €

Кети Смилеска 6.966 €

Илија Димовски 6.824 €

Катерина Кузмановска 6.704 €

Мери Лазарова 6.354 €

Рубин Земон 4.960 €

*Податоци од Собранието на Република Северна Македонија

По однос на исплатени трошоци за комунални услуги за користење на стан, листата изгледа вака:

10 пратеници кои потрошиле најповеќе за комунални услуги:

Благица Ласовска 1613 €

Крсто Јовановски 1584 €

Илија Димовски 1524 €

Катерина Кузмановска 1218 €

Рубин Земон 1210 €

Бранко Маноиловски 1201 €

Кети Смилеска 1160 €

Мери Лазарова 1157 €

Магдалена Манаскова 975 €

Нада Ципушева 861 €

*Податоци од Собранието на Република Северна Македонија

А пратениците често и патувале надвор од нашите граници, така по таа ставка вкупно потрошиле над 83.000 евра.

Најповеќе патувал, а и трошел првиот човек на законодавниот дом, Талат Џафери 6012 евра.

10 пратеници кои потрошиле најповеќе за патување во странство:

Талат Џафери 6012 €

Бетиане Китев 3297 €

Реџаил Исмаили 3039 €

Шпреса Хадри 2948 €

Ејуп Аљими 2510 €

Јагода Шахпаска 2340 €

Артан Груби 2173 €

Лилјана Кузмановска 2081 €

Африм Гаши 2062 €

Хари Локвенец 1806 €

Според овие податоци кои ги објави ТВ21, деветтиот по ред парламентарен состав, вкупно потрошил 1.685.922 за патни трошоци, станови, комунални услуги и патувања во странство, несметајќи ги редовните плати.
tv 21

- Реклами -