10.8 C
Ohrid
четврток, април 24, 2025
ПочетнаМакедонијаПендаровски: Во новата влада мора сите политичари да се чесни и да...

Пендаровски: Во новата влада мора сите политичари да се чесни и да немаат крадено пари

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

„Кој ќе партиципира во владата зависи од преговорите што ќе ги водат партиите што обезбедија влез во парламентот. Така што, возможна е влада без СДСМ и коалицијата кои освоија најмногу пратеници, или без ВМРО-ДПМНЕ, која е втора партија според истиот критериум. Јасно е дека ако така се договорат, возможна е и влада без партијата што е трета според бројот на освоените мандати“, вели во интервју за неделникот „Фокус“ претседателот Стево Пендаровски.

<

Претседателот појаснува дека нема да отстапи од уставната норма која предвидува, мандатот за составување влада да го добие партијата или коалицијата која ќе обезбеди мнозинство во парламентот.

Како претседател, буквално немам никаков маневарски простор. Членот 90 од Уставот е јасен. Исто така, не се предвидени никакви условувања, како оние од 2017 година кога флагрантно беше прекршен највисокиот државен акт. Подготвен сум, ако има договор, мандатот да го доделам и пред да заврши уставно определениот рок од 10 дена – вели Пендаровски.
Во однос на преговарачката позиција на ДУИ, која бара премиер Албанец, Пендаровски смета дека е таа легитимна, но според него, само во два наврати, со Никола Кљусев и со Хари Костов, владата не била предводена од претседателот на најголемата партија од власта.

Сепак, според него, предност треба да има квалитетот, а не етничката припадност на кандидатите за која било функција.

Сѐ до 2009-та и до појавувањето на Имер Селмани, за кого гласаа голем број Македонци, ние имавме традиција на гласање по етнички линии. Потоа и јас во 2014 добив значителен број гласови од етнички Албанци. Со ова не сакам да кажам дека гласањето за „нашите“ е нелегитимно, но по 30 години транзиција мислам дека конечно повеќе не треба да не интересира етничката припадност, туку квалитетот на кандидатот – смета претседателот.
Во однос на составот на идната влада, која ќе ја води државата низ сложен и долг процес на преговори со ЕУ, претседателот Пендаровски смета дека од стратегиска важност е сите министри да имаат јасен демократски капацитет и проевропска ориентација.

Тие треба да бидат луѓе кои не биле инволвирани во ниту една афера со криминален бекграунд имајќи предвид дека нашиот далеку најважен предизвик во годините што доаѓаат ќе биде владеење на правото, и последно, но не и најмалку важно, не само првиот, туку и вториот и третиот ешалон на функционери да можат да добијат безбедносен сертификат од НАТО бидејќи како земја-членка само така ќе нѐ прифатат како кредибилен партнер од доверба во Алијансата – вели Пендаровски.
Говорејќи за односите со соседите, Пендаровски уште еднаш нагласи дека е неприфатлива идејата за размена на територии и население како евентуална солуција за решавање на косовското прашање.

Tој не очекува блокада на Македонија од Бугарија, потенцирајќи дека европската интеграција на регионот е стратегиски интерес и на Софија и на Брисел.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пресудата е политички мотивирана, рече Јакимовски кој е осуден на три и пол години затвор

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски е изненаден од пресудата со која е осуден на затворска казна од три и пол години. Обвини дека се...

Стевчо Јакимовски осуден на три години и шест месеци затвор

Основниот кривичен суд Скопје, денеска ја објави пресудата за предметот против Стевчо Јакимовски, кого го прогласи за виновен заедно со уште едно обвинето лице. „Двајцата...

200 литри магарешко млеко за повредените во пожарот во Кочани.

  Киро Гоцевски од делчевското село Нов Истевник е еден од повеќето примери кои покажа дека хуманоста се покажува на дела. Тој донираше 200 литри...

Екс-директорот на Центарот за култура во Охрид украл 2.500 евра преку фестивал за народни песни

Екс-директорот на Центарот за култура во Охрид украл 2.500 евра преку фестивал за народни песни Поранешниот директор на Центарот за култура „Григор Прличев“ , Г.С.,...