20.9 C
Ohrid
среда, септември 17, 2025
ПочетнаСветДали Русија ќе го спаси светот од Ковид-19?- Лицата кои ја примиле...

Дали Русија ќе го спаси светот од Ковид-19?- Лицата кои ја примиле руската вакцина против Ковид развиле имунитет

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Завршните лекарски прегледи на волонтерите кои учествувале во клиничките испитувања на вакцината против Ковид-19 покажале присуство на имунитет и отсуство на нуспојави, објави денеска руското Министерство за одбрана.

<

Резултатите од студијата покажале дека сите волонтери имаат јасен имунолошки одговор како резултат на вакцинација, се наведува во соопштението кое го цитира Танјуг.

Нема нуспојави, ниту се регистрирани неправилности во телесните функции на волонтерите, соопшти Министерството.

Конечниот лекарски преглед бил извршен денеска во Главната воена клиничка болница Бурденко.

Руското Министерство за одбрана истакна дека сите фази од развојот и тестирањето на вакцините биле во целосна согласност со протоколот за клиничко испитување.

Волонтерите се вратиле во болницата 42 дена после вакцинацијата и поминале сеопфатен медицински преглед, се наведува во соопштението.

фокус

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

И по шест месеци од пожарот, Панчо од ДНК се уште бил во болница

Вчера се навршија шест месеци од пожарот во таканаречениот клуб Пулс во Кочани, каде животот го загубија 62 млади лица, помеѓу кои и шест...

Голф теренот во Охрид – атрактивна туристичка понуда

Голф теренот во Охрид, кој е прв и единствен во земјава, го стави градот на мапата на туристички дестинации за љубителите на голфот од...

Собир на плоштад во Скопје по повод шест месеци од трагедијата во Кочани!

Собрани сме да ги потсетиме институциите за нивната неодговорност и непостапување. Не видовме во овие шест месеци една институција да излезе со одговор на...

Во Струга пријавени девет кандидати за Градоначалник, во Охрид четири

Најголем интерес, од општините во Југозападниот регион, е забележан во Струга каде до општинската изборна комисија се поднесени 9 кандидатури за градоначалник и 10...