0.9 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонија утре добива нов Парламент.

Македонија утре добива нов Парламент.

spot_img

Она што е предвидено за конститутивната седница е изборот на Комисија за избори и именувања од која ќе зависи и изборот на нов собраниски спикер. Тоа е првата точка на која може да се види дали е веќе договорена соработка за идна Влада. Собраниски извори велат дека ако нема договор седницата може да биде прекината, слично како во 2016 година. Од Собраниската прес-служба информираат дека ќе бидат запазени сите протоколи за заштита, седницата ќе се одржи во Големата сала каде има место за 600 лица, а на пратениците вкупно 120, поканетите гости и медиумските работници на влезот од Собранието ќе им се мери телесна температура. Бидејќи станува збор за вонредни околности и е неопходно одржување на физичка дистанца помеѓу пратениците Конститутивната седница ќе се одржи во Големата сала на Собранието позната во јавноста како Голема купола.

За утре точно напладне, собранискиот спикер Талат Џафери ја закажа конститутивната седница на новиот 10-ти по ред собраниски состав. Седницата ќе ја води најверојатно тој, и покрај тоа што до денеска беше хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје со воспаление на белите дробови, но со негативен резултат на ковид-19. Џафери, денеска во телефонскиот разговор за весникот ВЕЧЕР само кусо одговори дека веројатно тој ќе претседава со конститутивната седница.

Но, дури и Џафери да не се чувствува добро седницата може да ја продолжи друг од избраните пратеници. Според собранискиот Деловник претседавачот со првата седница назначува двајца од избраните пратеници кои по потреба го заменуваат во претседавањето со седницата.

Веднаш потоа тој треба да предложи и Верификациона комисија од претседател и 4 членови од пратеници од различни политички партии за верификација на мандатите на народните избраници.

Она што е предвидено за конститутивната седница е изборот на Комисија за избори и именувања од која ќе зависи и изборот на нов собраниски спикер. Тоа е првата точка на која може да се види дали е веќе договорена соработка за идна Влада. Собраниски извори велат дека ако нема договор седницата може да биде прекината, слично како во 2016 година, но велат дека ни оддалеку не е можно повторување на 27 април.

Од Собраниската прес-служба информираат дека ќе бидат запазени сите протоколи за заштита, седницата ќе се одржи во Големата сала каде има место за 600 лица, а на пратениците вкупно 120, поканетите гости и медиумските работници на влезот од Собранието ќе им се мери телесна температура.

Бидејќи станува збор за вонредни околности и е неопходно одржување на физичка дистанца помеѓу пратениците Конститутивната седница ќе се одржи во Големата сала на Собранието позната во јавноста како Голема купола. Пратениците ќе бидат на соодветна дистанца и ќе им биде обезбедена заштитна опрема. Гласањето на седницата ќе се одвива рачно со картончиња, во текот на денот ќе бидат дезинфицирани сите простории каде се предвидени активности.

На седницата се поканети претседателот Пендаровски и премиерот Спасовски и министрите, лидерите на политичките партии застапени во Собранието, поранешните претседатели на државата, претседателите на Уставниот и Врховниот суд, на Судскиот совет и Советот за јавни обвинители, претседателите на МАНУ и Државната изборна комисија, претставници на верските заедници и дипломатскиот кор во Македонија. Сите тие седницата ќе ја следат од пленарната сала каде исто така ќе биде обезбедена дистанца.

Со конституирањето на собранието почнува да тече и рокот за состав на новата Владата. 10 дена по седницата односно до 15 август, шефот на државата Пендаровски ќе треба да го додели мандатот за составување на новиот владин кабинет. Мандатарот во рок од 20 дена до пратениците ќе треба да го достави предлогот кој треба да добие поддршка од најмалку 61 народен избраник.

Неколку сценарија вртат низ собраниските кулоари за тоа како би се одвивала конститутивната седница од која ќе зависат и роковите за формирање на нова Влада, а пред сè имајќи ги предвид речиси изедначените резултати во македонскиот и албанскиот блок на партии.

Официјално СДСМ и ДУИ велат дека преговори ќе има по конститутивната седница и доделувањето на мандатот за формирање на Влада од шефот на државата.Од ВМРО-ДПМНЕ кои исто најавуваат преговори за Влада не откриваат со кого разговараат.

На страна се држи и Коалицијата на Алијанса и Алтернатива. Од Левица, чии двајца пратеници можат да бидат клучни за ВМРО-ДПМНЕ, велат дека засега остануваат во опозиција, а во никој случај не сакаат да бидат партнери со СДСМ или ДУИ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...

Нема вина кај сопствениците чие куче усмрти дете во Пинтија, утврди истрагата

Затворена е постапката за сопствениците на кучето кое во април минатата година усмрти осум годишно дете. Обвинитествлтвото преземало низа дејствија за да утврди вина...

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...