9.9 C
Ohrid
вторник, септември 17, 2024
ПочетнаМакедонијаАлбанците не попуштаат: Протести во повеќе градови низ земјава против поскапување на...

Албанците не попуштаат: Протести во повеќе градови низ земјава против поскапување на струјата

ротести низ неколку градови во земјава се одржаа вечерва против поскапувањето на струјата. Граѓаните во Гостивар, Куманово, скопски Чаир, Дебар и Тетово го искажаа својот револт преку мирно мирно марширање со цел да се повлече одлуката за зголемување на цената на електричната енергија за 7,4 проценти.

Протест во Гостивар
Маршот во Гостива го организираше навивачката група „Кастриоти“, а меѓу барањата граѓаните побараа и да се намали цената струјата до 20 проценти, да се укине монополот на услугите на ЕВН, да се распушти Регулаторната комисија за енергетика и да се создаде независен арбитражен трибунал во служба на граѓаните кој ќе го проверува квалитетот на услугите од областа на енергетиката.

Егзон Азизи од навивачката група „Кастриоти“, кој го предводеше маршот посочи доколку не се исполнат нивните барања од четири точки, протестите ќе бидат радикализирани.

„Бараме овие четири услови да бидат прифатени што е можно поскоро, во спротивно нашите протести ќе бидат масовни и радикализирани сè до реализацијата на нашите барања“,

рече Азизи во обраќањето ги повика граѓаните да разотидат мирно и да не стојат во група заради условите наметнати од пандемијата.
Протестот кој траеше петнаесетина минути помина без инциденти и под надзор на полициски службеници со почитување на растојание и носење на маски. На протестот беше и градоначалникот Арбен Таравари кој нагласи дека е дојден како граѓанин, а не како политичар.

Протест во Дебар


Во организација на навивачката група „Соколат“ на фудбалскиот клуб „Кораб“, подржани и од други граѓански организации, попладнево се одржа протест и во Дебар. Поголем број дебрани се собраа пред наплатниот пункт на ЕВН кој се наоѓа во центарот на градот.

Пред насобраните, претставник на организаторите на протестот, Адрит Фетаху, ги прочита истите четири барања како и гостиварци.

Протест во Тетово


Голем број на граѓани поради истите барања се собраа и на плоштадот во Тетово, а организаторите дадоа рок од десет дена за да им се исполнат барањата.

„Овој протест е организиран да се даде шанса за мирот да се спречат оние огорчени граѓани кои препочитаат да ги решат овие проблеми според бугарскиот модел. Ако вие кои треба да ги решавате овие барање се оглушите, вие ќе го оштетите мирот и вие ќе бидете одговорни за насилството што може да избувне. Ако не ги сфатите сериозно овие барања ќе ги оправдате радикалните постапки на граѓаните“,

истакна претставник на организацискиот одбор.
Според прочитаното соопштение на организацискиот одбор по седум дена ќе има марш по градските улици и ќе се блокира сообраќајот.

Извор:360 stepeni

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во петок литија со икона од Света Гора во центарот на Скопје

Во петок, на 20 септември во Скопје, монасите од Света Гора заедно со игуменот на манастирот Хиландар, преосветениот архимандрит Методиј, ќе донесат копија од...

Претседателката: Видов дека го нема знамето и мислев да си заминам, но ќе направев скандал

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денеска објасни како дошло до дипломатскиот пропуст со неистакнувањето на македонското знаме на средбата со Румен Радев во...

Семејно насилство во Скопје: Постариот брат го тепал помалиот, а помалата сестра ја претепала постарата..

Во текот на вчерашниот ден биле пријавени два случаи на семејно насилство во едниот постариот брат го тепал помалиот во вториот случај помалата сестра...

Владата пресече: Протестна нота поради отсуство на македонското знаме во Бугарија

Само една седмица откако ги предаде копиите од акредитивните писма, бугарскиот амбасадор денеска повторно беше во Министерствто за надворешни работи. Овојпат за тој да...