22.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаДонесена одлука: Пет месеци нема летање со „Виз Ер“

Донесена одлука: Пет месеци нема летање со „Виз Ер“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во претстојниот период од пет месеци ќе има многу неизвесности и индустријата ќе мора да научи како да биде флексибилна во прилагодувањето кон новите мрежни рути и прилагодувањето на капацитетот – вели извршниот директор на „Виз ер“, Јозеф Варади.Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“, која има голем број бази на територијата на поранешна Југославија, вклучувајќи ја и нашата држава, очекува ограничувањата за патувања и забраните за влез воведени од владите без претходно предупредување, да влијаат на неговата работа во наредните пет месеци. Како што пренесува порталот exyuaviation.com, превозникот е принуден привремено да суспендира над дузина рути од Скопје, Белград, Тузла, Охрид, Приштина и Подгорица, поради ограничувањата за патување наметнати на државјани од овие пазари од други европски држави.

<

– Во претстојниот период од пет месеци ќе има многу неизвесности и индустријата ќе мора да научи како да биде флексибилна во прилагодувањето кон новите мрежни рути и прилагодувањето на капацитетот – вели извршниот директор на „Виз ер“, Јозеф Варади.

Тој истакнува дека неговата авиокомпанија веќе почнала со стратегија за ублажување на ефектите од пандемијата. Ги наведува проширувањето на флотата „ербас А321“ во Белград, воспоставувањето на прва руска база во Санкт Петербург заедно со рестартирање на базата во Киев, лансирањето на 14 нови рути меѓу Украина и Италија, продолжувањето на летовите од пазарите како што се Унгарија и Македонија, како и потфатот кон Блискиот Исток.

Во наредниот период, „Виз ер“ планира да лансира девет нови рути од Белград, да ја воведе својата прва годинешна услуга за Хрватска и да почне со нови летови за Црна Гора.– Имаме кастрење на капацитетите на постојните пазари, но истовремено создадовме и нова мрежа на рути и оперативни бази, така што отвораме шест или седум нови бази исто како што рековме – вели Варади.

Авиокомпанијата сега лета со 77 отсто од нивото во 2019 година. Превозникот истакна дека дури и со коронавирусот, се очекува да го зголеми својот капацитет за приближно девет проценти оваа година.

– Најлошата состојба за нас е кога не работиме. Во моментот кога работиме, работиме само врз основа на паричен придонес. Треба да ги водите вашите деловни активности на долг рок и ликвидноста и готовината се клучни компоненти на вашиот деловен модел. Сите знаеме дека кај летањето на кратки дестинации преовладува најниска цена, а сега ние сме со најниска цена, така што мислам дека нашата конкурентна позиција штотуку се подобри – изјави Варди коментирајќи ја стратегијата на „Виз ер“, која многу се разликува од нејзините конкуренти за време на актуелната криза.

Тој додава дека пред десет години кога последната економска криза го погоди светот, едноставно не биле доволно силни и не биле доволно големи за да ја искористат ситуацијата. Сега вели дека имаат финансиски капацитет да обезбедат корист и да бидат еден од победниците во оваа ситуација.
Извор:Плусинфо

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...