13.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаЕ ова се вика сложен народ: Албанците излегоа на улица поради покачувањето...

Е ова се вика сложен народ: Албанците излегоа на улица поради покачувањето на струјата, но каде се Македонците??

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

 

<

Над илјада тетовци се собраа на градскиот плоштад за да изразат протест поради поскапувањето на струјата. Протестот беше организиран од Иницијативен совет во кој влегоа неколку невладини здруженија и граѓански активисти, беше побарано да се укине најавеното зголемување на цената на струјата за 7,4 отсто од септември и да се укине Регулаторната комисија за енергетика.

Ако властите останат глуви за нашите барања за укинување на одлуката за поскапување на струјата и за укинување на Регулаторната комисија за енергетика, можно е бугарско сценарио во Македонија, предупреди граѓанскиот активист од Тетово Аријанит Џафери, кој своевремено ги предводеше протестите против аерозагадувањето, а сега е еден од фронтмените на протестите против поскапување на струјата.

-Сакаме да му дадеме шанса на мирот, зашто Бугарија не е далеку. Не сакаме истото да се случи во Македонија, но граѓаните се гневни и сакаат тоа да го направат. Затоа дадовме 10 дена рок да се решат проблемите, но ако останат глуви ќе им се отвори пат на радикалците кои сакаат бугарска метода. Одговорноста за тоа ќе биде кај властите кои нема да ги исполнат нашите барања – рече Џафери за ТВ 21.

Тој додаде дека идната недела планираат протестен марш во три правци кон центарот на Тетово со привремена блокада, но изрази уверување дека нема да дојде до трет протест, бидејќи, според него, тогаш е можно граѓаните може да стигнат до ЕВН и така да настане бугарското сценарио.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...