28.9 C
Ohrid
сабота, јули 5, 2025
ПочетнаUncategorized @mkКовачески: Не може да се намали цената на струјата, бидејќи имаме премногу...

Ковачески: Не може да се намали цената на струјата, бидејќи имаме премногу вложено изминативе години

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

„Со моменталната дадена цена на универзалниот снабудвач, ЕСМ е доведена до ивица на опстојување“ , изјави денеска генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачески

<

-Со носењето на новиот закон за енергетика и либерализацијата на пазарот од први јули минатата 2019 година, АД ЕСМ не е регулирана компанија за продажба на елекрична енергија и на тендерот на универзалниот снабдувач „ЕВН Home” ние се јавуваме на аукција со наша цена, нормално којашто на крајот од годината ќе донесе и одреден профит. Од први јули мината година, заклучно со јули оваа година, цената која што ја дадовме на универзалниот снабдувач беше на ниво на стабилизирање на пазарот, смирување во период кога може да има турбуленции, кога има можност за нови компании, со повисоки цени да учествуваат на тендерите, ние како државна компанија учествувавме со цена која го стабилизира тој удар, односно ја држеше стабилна цената во изминатата година дена. На оваа јавна постапка ние понудивме цена од 38, 80 евра од мегаватчас што на крајот од годината ќе ни донесе профит од само 547.000 евра, вели Ковачевски.

Според Ковачески, со оглед на многубројните вложувања во инвестиции, цената на електрична енергија не може да биде намалена.

-Согласно европските трендови полека треба да преминеме од производство на енергија на јаглен на обновливи извори. Би ги спомнал инвестиците во фотоволтаиците што во моментот се градат во Осломеј, јавното-приватно партнерство од 100 мегавати во Осломеј, новите 20 мегавати фотоволтаици во кругот на РЕК Битола, докомплетирање на ветерниот парк во Богданци и почнување постапка на нов ветерен парк во Миравци од 50 мегавати, третата фаза на ревитализација на хидропотенцијалот во земјава кој е стар повеќе од 50, 60, па и 70 години и нормално, нашата најголема активност е насочена, истакна Ковачевски.

ММС

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...