16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаСветНа денешен ден точно пред 75 години бомбардиран е јапонскиот град Нагасаки.

На денешен ден точно пред 75 години бомбардиран е јапонскиот град Нагасаки.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Нагасаки, 9 август 2020 (МИА) – Во јапонскиот град Нагасаки беше одбележана 75-годишнина од американското нуклеарно бомбардирање во Втората светска војна.

<

Градоначалникот на Нагасаки и преживеаните од тој трагичен, катастрофален настан апелираа до светските лидери да се вклучат повеќе за да се забрани нуклеарното оружје ширум светот.

Точно во 11:02 часот по локално време, во исто време кога американскиот бомбардер Б-29 исфрли атомска бомба врз Нагасаки пред 75 години, преживеаните од американското нуклеарно бомбардирање и бројни гости им оддадоа почит на сите жртви со минута молчење.

Во бомбардирањето на Нагасаки на 9 август загинаа 70.000 луѓе, а само три дена пред тоа, првата атомска бомба беше фрлена на Хирошима и однесе дури 140.000 животи. Шест дена подоцна, на 15 август 1945 година, Јапонија потпиша капитулација, со што заврши Втората светска војна.

Многу преживеани настрадаа од карцином и други болести затоа што беа изложени на радијација и лоши услови за живот во разурната, повоена Јапонија.

Градоначалникот на Нагасаки, Томихиза Тау, прочита мировна декларација во која изрази загриженост за нуклеарната закана. Тој, исто така, побара од Владата на Јапонија итно да се приклучи на договорот за забрана на нуклеарно оружје, оценувајќи дека светот е во поголема опасност од нуклеарен конфликт.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...