17.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаСемејството разочарано од односот на ЕВН: Скоро три дена не може да...

Семејството разочарано од односот на ЕВН: Скоро три дена не може да се пронајде Спасе Димовски, исчезнат во надојдениот поток кај Белештевица (фото)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Два и пол дена трае потрагата по Спасе Димовски (51 год) од Велес, кој во четвртокот попладне исчезна во надојдената суводолица во близина на село Белештевица, велешко. Семејството и блиските на Спасе се разочарани пред се од односот н ЕВН, кој ги немало никаде да се јавеле и прашале за помош.

<

Спасе секогаш кога беше потребен за ЕВН беше тука. Имаа од него телефонски број и лето и зимо, кога ќе заглавеле го бараа за помош, да ги извади од калта, снегот. Така било и овој пат. Тој има штали таму и го викнале со тракторот да ги извлече. Ги извлекол, тие биле двајца со џипот и заедно со говедарот се качиле во џипот да се вратат. Минејќи низ теренот, наишол потокот, водотекот, кој бил огромен и го однел возилото и Спасе, другите се спасиле – вели член на семејството.

Денес до доцна вечерва, тие биле на местото и го пребарувале теренот. Потокот сега бил мал, скоро и да немало вода. Но немало ниту трага од исчезнатиот Димовски.

Пребарувавме само членови на семејството и негови пријатели. Нема ниту полиција, никој да помогне од институциите на државата, оставени сме сами на себе – вели член на потесното семејство, кој бара луѓе и помош за пребарување.

Претходно МВР информираше дела на 6-ти август во 14.47 часот во село Белештевица, велешко, на место викано „Лавчани“, при обид со трактор да извлече возило во кое се наоѓала екипа на ЕВН, која отстранувала претходно настанат дефект, од надојдена вода Димовски и возилото на ЕВН биле однесени.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...