16.4 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаСирак од мал, со маки аргатувал па загина на Карпалак !!

Сирак од мал, со маки аргатувал па загина на Карпалак !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Марко Деспотоски е роден на 28 септември 1973 година во прилепското село Новоселани. Деспотоски на 12 години останал сирак, и оттогаш бил постојано со својот дедо. Работел за двајцата во селото разни аргатски работи за да донесе парче леб. Една година пред војната 2001 година, Деспотоски ги пасел селските крави и така заработувал за себе и за својот дедо, но и за мајка му, која живее кај својата сестра во Скопје. Сиромаштијата била постојано присутна во трошното куќарче во Новоселани, но Марко се надевал дека еден ден ќе спечали некоја паричка и ќе се ожени, ќе оформи семејство и тој, како што оформија неговите три браќа и две сестри, кои одамна веќе не живеат во селото.
Дедо му вели дека уште од 15 години работеше како аргатче по селото, и дека така му помина животот, со мака, со аргатување. Имаше златен табиет, но среќа никаква. Дојде еден ден и кај нив човекот што носи позиви, влезе во дворот и вели: „Во селото донесов многу позиви, но сите ги вратија. Ти размисли што ќе правиш. Знаеш што те чека ако ја примиш, ама и што ти следува ако не ја примиш“. Јас седев под крушката и не реков ништо, не се помешав. Марко малку се подума и му вели:
„Тие што ги вратиле имаат луѓе што ќе ги заштитат. Јас немам никого, јас сум сиромав, мене ќе ме закачи казната”.
Ја зеде поканата и уште истиот ден замина во Прилеп. Потоа неколку дена беа на Криволак и дури беа таму два пати си дојде дома. Тоа беше за последно со дедо му Тренко. На 8 август 2001 година замина за Тетово и уште пред да стигне таму – го убија на пат кај Карпалак. „Јас не верував ова да беше војна. Ова беше предавство, само што сиромашните не знаеја дека е предавство, па се јавуваа на позивите. Ниедно дете на побогат човек не загина, само сиромашните одеа и гинеа. За големите столчиња ми загина внучето“, вели дедо му Тренко.
Дедо му Тренко, кои имал 88 години кога му загина внучето, вели дека Марко просолзил кога курирот му ја даде поканата. Дојде кај него и му вели: Дедо ние сме сиромашни, ќе ме затворат ако ја вратам, мора да одам! Отиде и не се врати. Како што отидоа и не се вратија и децата на богатите. Но, тие отидоа во странство, а внук ми во црната земја новоселска.

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...