19.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаОваа година винариите излегоа со понижувачки цени за откупот на грозјето.

Оваа година винариите излегоа со понижувачки цени за откупот на грозјето.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Се чини проблемите на „големите“ ги засенија проблемите на „малите“, а далеку побројни земјоделци. Македонија веќе 6-ти месец се соочува со сериозна здравствена криза и предизвиците кои ги носи пандемијата на опасниот коронавирусот. Покрај здравствените проблеми за граѓаните, Македонецот се соочува и со сериозни економски проблеми, пари од месец во месец има се помалку, а додека политичарите oд власта се занимаваат „со големски работи“ избори и тоа кој ќе направи Влада, народот е оставен сам на себе да се справи со новонастанатата состојба.

<

„Смрт за македонското земјоделство“ со овие зборови се обратија лозарите од тиквешијата до Инфомакс, разочарани од откупните цени на грозјето, но и игнорантскиот однос на државата кон македонските земјоделци. Земјоделците од тиквешијата велат дека ако останат овие цени, од наредната година никој повеќе нема да ги работи лозјата.

-За реколтата 2020 откупните цени се катастрофални, Вранецот и Смедервката се најзастапени сорти во Тиквешијата. За 19,9 шекерни единици цената цената по килограм е 6 денари и 0,35 дени по шекерна единица, од 20 до 22 шекерини единици цената на вранецот по килограм е 8 денари или 0, 40 дени по шекерна единица, додека за над 24 шекерни ециници цената 9 денари. Дополнително сумата се исплаќа на рати, а доколку се побара исплата во рок од 7 дена цената се намалува за 1 денар од килограм, велат лозарите.

-Смедервката пак која е најзастапена, од 16,2 до 16,7 шекерни единици цената е 4 денари од кило, од 18 до 19,6 шекерни единици по кило пак цената е 6 денари. За над 19,8 шекерни единици на земјоделците им се исплаќа 6,5 денари по килограм на земјоделието од страна на винариите. Со овие цени повеќе не ни се исплати трудот, догодина не ги работиме веќе лозјата, додаваат тие.

И покрај тоа што оваа година е доста плодна и во тиквешијата се очекуваат над 100 милиони килограми грозје, само работната сила ќе ги чини земјоделците од 2 до 3 денари по килограм од сегашната цена на грозјето со што работата на лозарите ќе стане нерентабилна, односно ќе значи крај за лозарите, но и целосно замрување на градовите во регионот.

Земјоделците се загрижени и од временските прилики кои директно влијаат врз шекерните единици на грозјето и велат дека доколку заврне уште еден дожд ќе можат слободно да го фрлат грозјето, бидејќи „нема да има ни 1 шекерна единица“. Со оглед на досегашното искуство доколку се соочат со временски неприлики тие не очекуваат никаква помош од државата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...

Страшна сообраќајка кај селото Извор-Кичево: Судир помеѓу мерцедес со странски таблички и опел астра со охридски ознаки !!!

На Страшна сообраќајка кај Подмоље: Судир На магистралниот пат А2, во близина на кичевското село Извор- Подмоље, денеска се случи тешка сообраќајна незгода во која учествувале...