14.7 C
Ohrid
вторник, мај 13, 2025
ПочетнаМакедонијаКостовски: Сценариото е правено со месеци наназад – тие кои знаеле дека...

Костовски: Сценариото е правено со месеци наназад – тие кои знаеле дека ќе се затвори банката, си ги повлекле парите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на „Еуростандард банка“ денеска на прес конференција посочи дека сценариото се спремало, за банката да пропадне, а истовремено тие кои знаеле од Народната банка дека ќе се затвори банката, си ги повлекле парите.

<

„ Ова е добро планиран атак врз Еуростандард банка. Ова е сценарио коешто е правено со месеци наназад, за никој да не знае, само блиски до тие кругови во Народна Банка на време биле известени да си ги повлечат парите бидејќи тоа и тоа и следува на Еуростандард банка“,истакна Костовски.
Бизнисменот Костовски го обвини Управниот одбор за пропаѓањето на банката. Тој на денешната прес-конференција, заедно со неговиот син најавија дека правдата ќе ја бараат надвор од земјава.

„Ќе одиме пред сè во арбитража, каде што доколку го добиеме спорот што ќе го отвориме понатаму, средствата ќе бидат наменети за нашите коминтенти“, најави Коста Костовски.
Трифун Костовски ситуацијата ја опиша како кога „за кило месо, убиваш вол“.

„Нашата вина ја лоцираме во изборот на Управниот одбор, не пренесоа жедни преку вода, нè наместија“, рече Костовски.
„А какви можеме да бидеме на пазарот, кога една година сме комплетно блокирани да работиме со правни и приватни лица. Преку ‘Еуростандард’ и така блокирана, 26 отсто од вкупниот платен промет се одвиваше преку таа банка заедно со Македонски пошти“, рече Костовски во изјавата за медиумите.

лидер

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Адвокатот на Васил: Ќе се жалиме, 12 години затвор се премногу !!!

Адвокатот и бранител на обвинетиот Васил Јованов, Сашко Дуковски, изјави дека ќе се жалат до Апелација на 12-годишната затворска казна. Според Дуковски претходните вакви случаеви...

Таткото на Фросина по пресудата: Системот го штити совозачот Лорен кој е син на познат скопски кафанџија

Ако се завртите и ги видите илјадниците црвени раце, ќе кажам дека малку им беа. Следните протести ќе треба со црвени раце да го...

Таткото на Фросина: Багро една судска, затвор за судиите- ќе ве оставам без леб и без работа !!!

Кај ќе ви оди душата, Господ ќе ве казни“, им порача таткото на загинатата Фросина Кулакова на родителите на возачот Васил Јованов, кој е...

Судот одлучи: 12 години затворска казна за Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова

Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова на 29 јануари на булеварот „Партизанска“ денеска во Основниот кривичен суд Скопје доби затворска казна од 12...