19.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаКривична за советникот Нефи Усеини за насилство и недозволено поседување оружје

Кривична за советникот Нефи Усеини за насилство и недозволено поседување оружје

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кривична пријава за советникот во општина Охрид Нефи Усеини и неговиот брат во врска со вчерашниот инцидент кој се случил пред хотел во Охрид.

<

Охридската полиција до Јавното обвиниетелство поднесе кривична поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“.Снимките од видео надзорот кои се одземени од хотелот каде се случи инцидентот и разговори со очевидци покажуваат дека Топалоски бил тепан со пиштол .

(По наредба на Јавен обвинител, СВР Охрид синоќа изврши претрес во домовите на пријавените. Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и за целосно расчистување на случајот) стои во соопштението на СВР Охрид.

Oхриѓанецот Спиро Топаловски тврди дека Усеини заедно со уште неколку лица го нападнале а меѓудругото замавнувал со пиштолот и пред неговото 14 годишно дете кое било сведок на инцидентот и обвинува дека станува збор за манипулација од страна на Зоре Темелковски.

Бизнисменот Зоре Темелкоски се оградува и тврди дека тој не е причината за инцидентот меѓу Топалоски и Усеини. Усеини пак во телефонски разговор негира дека употребил пиштол вели дека имало само вербална рсправија на која паднале две три шлаканици.

Инаку, ова не е прв случај советникот Нефи Усеини да учествува во инциденти. Во април минатата година спречи со закани инспектор да изврши увид на дивоизградена тераса кај чинарот. Два месеци потоа Јавното обвинителство отвори предмет за напад над советникот Џемаил Мена, а физички нападнат пред неговиот дом беше и професорот Илјаз Илјази.

сител

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...

Страшна сообраќајка кај селото Извор-Кичево: Судир помеѓу мерцедес со странски таблички и опел астра со охридски ознаки !!!

На Страшна сообраќајка кај Подмоље: Судир На магистралниот пат А2, во близина на кичевското село Извор- Подмоље, денеска се случи тешка сообраќајна незгода во која учествувале...