6.9 C
Ohrid
недела, февруари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаДоколку сакате да го искачите врвот на Галичица ќе мора да си...

Доколку сакате да го искачите врвот на Галичица ќе мора да си платите 200 денари.

spot_img

Едно Магаро – 200че. Жал ми е што овојпат оваа идилична слика од врв планина и природа ќе нема идилична приказна како вообичаено. Еве, да видите до кое дереџе сме дојдени…Наместо регуларна планинарска тура – школски пример за легална кражба. Вчера наутро на местото кај што вообичаено се поаѓа кон највисоката точка на Галичица, врвот Магаро 2255 н.м.в, наместо со радост , екипно тргнавме со неколку стотки полесни и со многу чемер со себе. Млад дечко, вработен за плата и слушање наредби, излезе од кола спремен со фискален апарат и покрај нашите негодувања, кажа : ” Извинете, знам, неможам ништо да сторам, јас сум само вработен. “…и со кренати раменици и свесен и усрамен дека прави компромис со своите морални и етички вредности, ни наплати по 200 денари од човек за искачување на врвот Магаро. Не услови дека ако немаме да платиме не смееме кон врвот. Дали сфаќате која навреда и фашизам е ова? Ееееејјј како не ви е срам!? Како бе господа не се срамите бе? Од кого земате? Од планинари најдовте да гребите? Новчаници не носиме со себе во планина, до сега одевме таму зошто само таму не ни наплаќаа сега и тоа некој паметен го смислил. Уште па кога прашав за што се овие пари – биле за користење ресурси и за движење во Национален парк. И плус, само од Ноември до Април важи баждаров. Ами на зима ко ќе се качуваме, не користиме ресурси и не одиме пешки…летаме до горе?!

<

Ми наплаќате за користење на ресурси – ( искачување на врв ) од богатството на мојата татковина? Мое е тоа, наше е, кој ви дава право да си присвојувате и па уште да наплаќате за тоа заедничкото кое ни е од Бога дадено? Ми ги наплаќате чекорите? Ајде да е некоја симболична сума, ќе замижевме ама ни повеќе ни помалку половина просечна дневница на еден вработен во државата? А ние невработените? А тој што денес немаше од ранецот да извади? Нема спорт за нив, дома ќе си седат. И оваа појава и лош пример е само на Галичица, зошто до сега никаде, никој во и надвор од државава не ни наплатил за искачување на врв, дури ни таму каде се плаќаат дневници на рејнџери кои вистински се грижат за парковите и дејствијата внатре – што кај нас е квантна физика.

Ејдиии деее… Денес наплативте на тие што со себе на грб ја носат тежината и бремето на ВАШЕТО расфрлено ѓубре и пластика и на горе и надолу, долж и попреку Националниот парк и не само на патеката која чини 200 денари туку насекаде, на некој кој е спремен да изоди километри пеш со повреди и во болки за да ја испочитува и срдечно да и се израдува и да и се поклони на убавината што пред себе ја гледа, на некого кој живее за тоа. Нам не ни е проблем да тргнеме по друга патека кај што ќе нема баждар и ќе ја најдеме, научени сме , 1км плус/минус, вие дали знаете друг пат освен овој, мизерниов?
Нека ви стои ова на ѕидот на срамот, како одличен белег, да си го памтите резилов.
Следно, за воздухот да ни наплатите, зошто од ова нема што друго понатака. Само недишење.
*Споделете, вие кои го делите со мене мислењето. Останатите уште да молчите, до следни 500ки на друга планина“, напиша Евгенија Здравевска.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Семејно насилство во Штип – Свекор ја натепал снаата

62-годишен жител на Штип вчеравечер е уапсен откако бил пријавен од неговата снаа, која вели дека физички ја нападнал, соопшти полицијата.

Од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час

На 14 март ќе се отвори тунелот Муриз, дел од автопатот „Патот на Арбр“, со што патувањето од Дебар до Тирана ќе се скрати...

Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања како што обвинува опозицијата, ниту на министерот за животна средина Изет Меџити му...

Почина 21-годишен осуденик од Штип откако бил донесен во болница со знаци на предозираност?!?

На 22.02.2025 во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната установа Затвор Штип...